-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаЗаедницаМакедонската брачна двојка Вера и Симе Георгиевски, нема место на светот каде...

Македонската брачна двојка Вера и Симе Георгиевски, нема место на светот каде не биле!

spot_img

Чудни се патиштата на животот и не знаеш каде ќе те оведат тие, и можеби човек кон судбинските патишта може да си додаде и своите патишта, свои патеки по кои ќе го прошета светот. Една таква ретка двојка која го исполнила својот заеднички пат со љубов и песна, се Вера и Симе Георгиевски. Љубовната приказна на Симе и Вера започнала во Преспа кон крајот на шеесеттите години, а на почетокот на седумдесеттите тие стапиле во брак.

Симе бил познат музичар и пејач и често гостувал во семејната кафеана на таткото на Вера во крајбрежниот место Асамати каде заискриле првите љубовни искри. Животот во Македонија за нив бил убав и комотен, но нивниот немирен авантуристички дух ги предводел кон желбата одблиску да го запознаа светот. Па така, прво решиле една година да се преселат во Австрија, каде велат им било многу убаво, а потоа со прекуокеански брод во Австралија, во периодот кога преспанци масовно се иселувале на далечниот континент.

Не поминале многу време, Вера и Симе на првото повратно патување си направиле маршута во која ги посетиле и по неколку месеци уживале на рајски места и острови, како во сон, и се вратиле во Европа. Оттогаш досега веќе 50 години секое лето, или преку едно лета тие доаѓаат во Македонија и никогаш не преку директна релација Сиднеј – Скопје. На доаѓање наваму доаѓаат преку една маршута, со по неколкудневен престој во неколку светски места, а по неколку различни места посетуваат при нивното враќање. Нема држава која досега не ја посетиле, ни главен град или туристички центар, им останаа само уште неколку градови, не биле во Осло, и планираат догодина да одат.

– По пет децениска љубов, мојот сопруг ми е и мојот најдобар другар. И јас нему, на почетокот ни раскажува Вера и додава : Нашиот живот се состои во планирани и пристојни патувања, но на најексклузивните места. Австралија, како и животот воопшто, ние двајцата не го сфативме како луда трка по пари. Пари имавме отсекогаш. Симе беше популарен музичар, кој по работниот ден плус секоја вечер настапуваше во нашите кафеани и земаше пари кои не можевме да ги потрошиме што и да купиме.За нашиот син единец се грижевме двајцата, и кога дојде потреба му оставивме се што имаме, само за тој да се снајде во животот и да се усреќи. Кога синот ни беше мал една вечер јас го пречекав Симе од настап во од кафеана и му реков- “бирај, или песна или семејството!” За неполна минута ми одговори дека ја остава музиката и дека семејството му е најважно. Но, не ја остави музиката. И најдовме друг начин таа д ани биде сопатничка и да живее во нашиот дом. Симе тогаш работеше друга работа, а јас во фабрика, а секоја петок или викенд одевме на разни концерти на разна музика. Нема концерт на познат пејач кој дошол во Сиднеј во тоа време, а да не посетевме, се посетува Вера.

Но музиката не го напуштила целосно домот на Георгиевски. Симе и натаму пишувал и пеел патриотски песни, а една и има посетено и на сопругата, на текст на Ѓорги Ѓоргиевски. Сега е директор на фолк фестивал во Сиднеј а воедно и самиот пее. Ова лето настапи на “Охрид фест”, Лешочки фестивал и во битолско. Познат е по песната. Негова специјалност се и правењето домашнии колбаси, луканици, или по преспански “лукајнци”, по рецепт од баба му, од Преспа, од кои австралијаните прсти лижат.

Она нешто што го издвојува, е и неговата неформална амбасадорска мисија. Тој е водител на три радио програми на македонски јазик во Сиднеј, а во едната волонтерски му се приклучија и Вера. Таму ги објавува сите нови песни од нашата сцена.

– Јас сум среќен и чест ми е што во Сиднеј ги нагостувам сите музички ѕвезди кои доаѓаат од Македонија , а ова лето во Македонија со Вера немавме ни слободен ден. Постојано сме бевме нивни гости, се дружевме, снимаме нови радио емисии. Преубаво ни беше. Нашиот живот е песната и шетањето а контактот со Македонија мене ми е секојдневната и најпријатно обврска и задача, вели Симе. Симе е носител на неколку значајни награди кои ги доделува Австралија за успешни иселеници од другите заедници.

Тој и Вера догодина ветија ново доаѓање. Ова лето остана останаа неколку месеци , се видоа со сите пријатели и полни со впечатоци, среќните пензионери се вратија во Сиднеј. Таму ги чекаа двете внучиња од синот, кои се нивните ѕвезди низ животот. Ни оставија дел од својата пребогата фотогалерија, да објавиме, а ни раскажаа за бројните музеи кои ги посетиле низ светот, биде одушевени, како и студијата во кои снимале големи светски ѕвезди, но и од домот и почивалиште на Елвис Присли.

Валентина Ѓоргиевска Паргo

превземено од https://infedream.wordpress.com/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...