19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаАрачиново -Убиство поради нетрпеливост на две семејства

Арачиново -Убиство поради нетрпеливост на две семејства

Притвор за убиецот од Арачиново, Ајвази пред да почине го идентификувал убиецот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик.

„На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил Фолксваген голф 3, управуван од засега непознато лице. Преку отворениот прозорец на автомобилот тој испукал два куршума во правец на сега починатиот Ајвази и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција, но на 9 септември починал“, соопштуваат од Обвинителството.

Пред да почине, Ајвази на записник го идентификувал осомничениот како напаѓачот кој пукал кон него, а како причина навел претходна нетрпеливост меѓу нивните семејства.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци.

Притоа, обвинителот особено го ценеше фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...