4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаАвстралијаАвстралија-Македонскиот јазик и култура официјално влезе како дел од наставната програма во...

Австралија-Македонскиот јазик и култура официјално влезе како дел од наставната програма во НЈВ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новата наставна програма за изучување на македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс, вчера, свечено им беше предадена на претставниците на “Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс”, во седиштето на Националното тело за стандарди во образованието. Македонскиот јазик е еден од петте јазика, за кои беше изработена официјална програма, а по која учениците во државата ќе го изучуваат јазикот од следната година. Државната министерка за образование, Сара Мичел претходно објави дека, сега учениците ќе можат да изберат да изучуваат еден од јазиците според новата наставна програма од забавиште до 10то одделение, но не само јазикот, туку и културата на заедниците, хиндуската, македонската, персиската, пунџабската и тамилската. Наставните програми беа креирани како дел од програмата на училиштата, во која се изучуваат јазиците на заедниците, а која беше најавена од премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.

<

Извор SBS Macedonian

Наставниците Жаклина Михајлова и Благоја Јосифовски ја примија новата официјална програма по македонски јазик во Нов јужен Велс.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...