16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаАвстралијаАвстралија потврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот...

Австралија потврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот омикрон

spot_imgspot_img

– Австралиските власти денеска соопштија дека го потврдиле присуството на сојот омикрон на коронавирусот кај двајца патници од Јужна Африка кои пристигнале во Сиднеј.

Здравствената управа на австралиската држава Нов Јужен Велс објави дека извршила итни тестови кои го потврдиле присуството на овој нов вид на вирус кај двајцата патници кои вчера пристигнале во Сиднеј.

„Тие пристигнаа со лет на „Катар ервејс“ преку Доха, соопшти Управата.

Двете лица биле позитивни на Ковид-19, се покажало веднаш по пристигнувањето, кога била направена дополнителна анализа за да се утврди дали тие го носат новиот сој на вирусот – омикрон, што првпат е откриен во Јужна Африка.

„Двата позитивни случаи, кои се асимптоматски, се изолирани во посебни простории. Двете лица се целосно вакцинирани“, соопшти австралиската здравствена управа.

Уште 12 патници од Јужна Африка кои патувале со истиот авион, сега се во карантин, иако не покажале позитивен тест за Ковид-19, соопшти управата.

Околу 260 патници и членови на екипажот од летот, исто така, се повикани да се изолираат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...