9.6 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЕстрадаРеакции- За настапот на Synthesis во Sydney , 21 Ноември 2019, Factory...

Реакции- За настапот на Synthesis во Sydney , 21 Ноември 2019, Factory Theatre, Marrickvile

spot_imgspot_img

Тринаесет години од вториот настап на Synthesis во Австралија (2006) Македонците и нашите пријатели на овој континент повторно бевме почестени со нивната божествена музика. Во четвртокот, на 21 ноември 2019 Synthesis, етно групата од Македонија одржа концерт пред полната сала на Factory Theatre во Marrickvile, Sydney. Се претставија со музика од нивниот последен албум наречен Остров и со нивните најпопуларни нумери испеани од создавањето во 1995 до денес. Само да ја спомнам „Во наше село“ со која го завршија настапот. 

„На кафе со Synthesis“

Пред концертот имав чест да се напијам едно кафе со членовите на Synthesis, што би рекле „На кафе со Synthesis“. Со нас беше организаторот Сотир Стојчевски од Feel Balkan од Melbourne, инаку мој драг пријател. Ни недостасуваше гитаристот Горан Гешовски кој стана вреден член на групата во 2015, и Сузана Јовчева, постојан соработник на групата. Секој од нив двајцата за време на кафето беше на друго место во Sydney. Сузана на овие концерти беше замена за Мирјана Јошеска Мајнова, едната од трите оригинални вокали на Synthesis. Кога сме кај оригиналната постава со задоволство истакнувам дека од денот на создавањето до денес женските вокали Анета Шукаловска Велкоска и Билјана Ристовска Стојановска како и споменатата Мирјана 24 години стојат зад микрофоните со своите специфични гласови со кои интерпретираат македонска изворна музика. Кога ги слушам во нив ја препознавам нашата легендарна Васка Илиева, препознавам пеење на селски жени од веремето на жетвите по полињата, пеење од грло. Професорот Роберт Саздов, поранешен предавач за етничка музика на Сиднејскиот Конзерваториум за музика и сегашен директор на музичкиот департмант на универзитетот UTS, инаку мој пријател во неколку наврати ми зборуваше за оригиналноста и вредноста на гласот на Васка Илиева. Трите вокалистки на Synthesis како да ја воскреснуваат таа оригиналност и ја делат со нас таа дарба од Бога им дадена. Во не толку далечната 1995 година основоположниците на групата, легендарниот македонски музичар Радослав Шутевски-Шуте и мајсторот на дувачки инструменти Драган Даутовски под своите крила во групата освен споменатите вокалистки ги земале Марјан Јовановски-тамбура и гитара, Ванчо Јовчев-клавијатури и Гоце Узунски-тапан и тарабука. Така се создала DD-Synthesis. За време на кафето разбрав дека после концертот во Јапонија во 1999 Драган Даутовки бил заменет со Гоце Димовски, мајсторот на кавал, зурла и гајда.

Со замената си ги повлекол иницијалите DD и до ден денес името останало да биде Synthesis. За време на кафето со моите нови пријатели разговаравме за децата и внуците, за незнаени заеднички пријатели, за нивните патувања по целиот свет, освен Латинска Америка. Разговаравме за дизајнот на женските костуми за секој настап и за нивниот креатор Александар Ношпал. За нивната континуирана соработка со поранешниот менаџер Оливер Белопета. За нивниот впечаток за Македонците во Австралија. Анета изрази посебно воодушевување за нас овде земајќи го за пример успехот на нејзините роднини во Sydney. Разговаравме за концертите што им оставиле најсилен впечаток. Билјана изрази воодушевување од престојот на Synthesis во Јапонија каде биле поканети од кралот Акихито да ја презентираат музичката култура на Македонија. Со Марјан најдовме дека имаме заеднички пријател во Македонија и во Емиратите. Посебно сакам да истакнам дека моите соговорници се нарекуваат себеси фамилијата наречена Synthesis. Позитивната нергија и професионалната верност се чувствуваа во секој збор и потег. 

Концертот

Претставата започна со настапот на Balkan Ethno Orchestra,  локална група од Sydney која исто така ја негува балканската традиција изразена преку нивната музика и носии. Вообичаено е пред секој голем концерт да настапат музичари за да ја претстават својата работа, а за организаторите тоа е загревање на публиката пред главниот настан. По кратката пауза на сцената се појавија членовите на Synthesis во сиот свој сјај. Вокалистките блескаа во новите креации на Ношпал  со традиционалните македонски бои и накит. Инструменталистите со себе понесоа повеќе инмструменти бидејќи Марјан и Ване, Гоце Д, Гоце У и Горан свират на по неколку инструменти. Радослав Шутевски беше позади своите тапани, горд на групата што ја создал пред 24 години. Пред мене беа истите луѓе што пиеја кафе тој ден. Сепак различни не само заради сценскиот декор, туку заради енергијата што ја донесоа на сцената. Концертот го започнаа со инструментална нумера од нивниот последен албум Остров. Салата се исполни со македонска етно музика со ноти на џез, со ноти на нешто ново и космичко во исто време старо и традиционално. Следеа вокални интерпретации за чии квалитети се изјасни публиката преку своите реакции на воодушевување. Зурлата на Гоце Димовски ја држеше публиката на нозе и многумина со солзи на очите. Атмосферата не може да се опише. Требаше само да се доживее. За реакциите и воодушувањата разбрав повеќе од социјалните мрежи (face book).

Synthesis потврди дека и останува верен  на македонската традиција. Музичарите на групата потврдија дека се длабоко мотивирани да останат симболот на еден мал источен свет, еден остров наречен Македонија. Со своите забележителни настапи тие го прават тој остров сосед на целиот свет. Во Австралија нивниот настап значи многу повеќе од музички. Тие се вториот крак на мостот на кој со првиот се во Македонија. Тие се мост по кој чекори суштинското на македонскиот народ, каде што нема место за политичари, религиозни недоразбирања и економски дискриминации. Synthesis обединува, токму како и нивното име.

За Synthesis би сакала да завршам со зборовите на голмиот македонски писател Венко Андоновски кој вели: „И ако некогаш решат да го сменат името – еве, се нудам за кум. Нека се викаат „Од Бога одбрани“.

Концертот на Synthesis во Sydney беше организиран професионално и помина глатко. Честитки за Сотир Стојчевски и Feel Balkan. 

 

Ѓурѓица Георгина Чакар, 

21 Ноември 2019, Sydney

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...