19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГОДИНАТА, ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД

ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГОДИНАТА, ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД

Добитникот на ланското признание за градоначалник на годината, кое „го
доделува“ порталот „Центар.мк“, Петре Шилегов, и годинава е избран за најдобар
градоначалник во земјава од страна на уредничкиот колегиум на порталот.
Ако лани причини за изборот на Шилегов од страна на „Центар.мк“ беа реализирањето на
првиот дел од новоизградената траса од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во
општина Бутел, почетокот на проектирањето на булеварот АСНОМ со мостот преку Вардар од
Аеродром до населбата Ќерамидница, неговата активност и присуство во медиумите на
дневна основа, започнувањето на процедурата за ветениот трамвај во Скопје и почнување
на реализацијата на проектот за гасификација, годинава, како што образложува порталот,
тоа се:

„ • Симултаното градење, реконструирање и обнова на патната инфраструктура во Скопје. За
почит е брзината со која се реконструираат скопските улици и булевари. Централното
градско подрачје речиси и да нема улица која што би требало да се обновува, по летната
офанзива, кога тактички поради намалениот проток на возила за време на летните одмори,
Шилегов и тимот се решија на една масовна офанзива на изградба.
• Борбата за повеќе зеленило во Скопје. Особен придонес е зелениот кров над ГТЦ, но и
желбата на Скопје да му биде вратено зеленилото кое што беше искасапено за време на
владеењето на режимот.
• Набавка на нови еколошки автобуси.

• Активно се бори против загадyвањето. Самиот го промовираше возењето на електричен
тротинет, користењето на јавен превоз. Работи на достапноста на алтернативните начини на
греење, освен на дрва, како на пример на парно, а се залага и за гасифицирање на Скопје,
со што ќе се намали аерозагадyвањето.. работа и соработка со граѓаните. Необичен и
одличен начин на комуникација со граѓаните.
Шилегов е човек кој не се кpие, и секогаш е тука да одговори на актуелните предизвици,
решавајќи ги. Често може да се види како лично е активен во најразлични ситуации низ
Скопје“, пишува порталот.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...