-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаЕстрадаЕфто Пупиновски го наполни плоштадот во Охрид а македонските новинари збеснаа по...

Ефто Пупиновски го наполни плоштадот во Охрид а македонските новинари збеснаа по Дино Мерлин . Самите си се потценуваме

spot_img

 

И така помина и дочекот на Новата 2020 година, па гледавме и слушавме на вестите на сите национални телевизии „Дино Мерлин го наполнил плоштадот во Скопје“ , „Дино – вака…“ , „Дино – така…“ , и за сето тоа телевизиите во своите вести му посветија од 2-3 до 5 минути, додека за нас, македонските пејачи, по најмногу десеттина секунди.

Господа новинари, зошто не известивте дека и Ефто Пупиноски го наполни охридскиот плоштад и дека на тоа студено време сите присутни останаа на плоштадот за целиот временски период на мојот настап од 23:15 до 1:00 часот на нивно и на наше задоволство ( мое и на оркестарот Фортуна) ?

Господа новинари, можеби Ви беше срам бидејќи се работеше за македонски пејач или можеби едноставно тоа не можевте да го пренесете заради длабоко вкоренетиот феномен кај Македонецот самиот на себе да не си верува и самиот себе да се става во подредена позиција како граѓанин од втор ред?

Уште 1986 година со мојата песна „Лихнида“ ширум ми беше отворена вратата на белградската естрада, ама јас не отидов за Белград, останав во Македонија, и ја збогатив македонската културна ризница со уште пет-шест хитови.

Најчесто, некои пејачи од соседството заради големата јазична предност бидејќи пеат на јазик кој го користат и разбираат преку 15 паати повеќе народ отколку македонскиот, добиваат третман како балкански ѕвезди, а не заради некое екстра квалитетно пеење и посебно убави песни.

Но и покрај тој голем хендикеп за нас, Македонците, јас ја имам „Лихнида кајче веслаше“ која и покрај тоа што е испеана на македонски јазик исклучиво со силата на квалитетот како композиција и интерпретација ги сруши јазичните бариери и стана балкански хит.

И наместо ние кои компонираме и пееме на националниот јазик да имаме соодветно внимание и третман затоа што со нашите национални хитови даваме конкретен придонес кон јакнење на нашиот национален идентитет што на нас Македонците ни е неопходен во овие историски околности, вредноста на нашиот труд нѝ е и понатака девалвирана.

Наспроти ова, на пејачите што доаѓаат од соседството и понатака им ги полниме торбите со пари, па испаѓа дека Дино Мерлин го наполни скопскиот плоштад за 100.000 евра, а Ефто Пупиноски го наполни охридскиот за 40-тина пати помала цена!И да ви кажам, цел живот водев една моја борба за доброто на нашата национална песна и чекав нештата да се поправат, и сега од оваа позиција длабоко сум убеден НЍ НЕМА НАДЕЖ!

Им благодарам на Охриѓани и на гостите од Македонија и соседството за тоа што ме почестија со толкаво големо присуство.

Ај со здравје,

Ефто Пупиноски

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...