20.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотНие сме горди што сме по потекло Македонци, а не Грци

Ние сме горди што сме по потекло Македонци, а не Грци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Интервју: Сафдер Карим, Хунза од Пакистан

<

За студентот по економија нема никаква дилема дека Хунзите во Пакистан се наследници на Александар Македонски. Како дел од војската на кралот на Македонија ние останавме во Пакистан и еве не, уште сме тука, вели Карим.

Сафдер Карим е Хунза од Пакистан кој работел како економист во неговата држава и во Дубаи, по што во 2012 година решил да го продолжи своето образование на универзитетот во Сиднеј.

Девојче од Хунза регионот

Од каде потекнуваат Хунзите и Калашите и каде тие денес живеат?

-Народите Хунза и Калаш се наследници на Александар Велики. Големиот Александар беше крал на Македонија. Како негова војска ние се населивме тука, во Пакистан, и тука останавме. Но, ние сме негови наследници иако никогаш не се вративме во Македонија.

Како гледате на тоа што Грција, а не Македонија отвори културен центар во регионот каде што живеат Калашите и Хунзите?

-Во Хунза Амит нема траков центар. И ние нема да дозволиме отворање на таков центар освен ако не е македонски. Ние сме горди што сме Македонци и ние не сме Грци.

Девојки од Хунза

Какво е вашето потекло – грчко или македонско?

-Навистина сум сосема збунет кога Грците велат дека ние сме Грци. Александар беше Македонец. Затоа да ги расчистиме сите дилеми, нашите претци се Македонците, а не Грците. Грците навистина прават многу да не направат нивни, но ние никогаш нема да станеме Грци. Ние сме дел од македонската култура. Ние никогаш не се претпопивме во некоја друга култура. Во тоа, античко време не постоеше Грција, туку постоеше македонското кралство и неколку градови држави околу Атина.

На кој јазик вие зборувате?

-Во нашиот јазик има многу слични зборови со македонскиот јазик. Ние зборуваме на Бурушаки јазик. Овој јазик денеска во Пакистан го зборуваат само наследниците на Александар. Има многу работи што би сакал да им порачам на Македонците по светот. Пред се, сите треба да знаеме дека сме браќа и деца на еден татко, една култура, еден јазик, музиката ни е исто така многу слична. Ние не можеме да го смениме нашиот идентитет, никој не може тоа да го стори. Мора да постојат начини и можности како Хунзите и Македонците да се поврзат, да ги развијат односите… Има многумина кои сакаат да покажат дека сме Грци. На пример, не би било лошо секоја година одреден број на млади луѓе од нашите краишта да можат да студираат во Македонија и да го учат македонскиот јазик. И кога тие би се вратиле дома, тогаш ќе можат да го пренесуваат македонскиот јазик кај сите нас во Хунза. Има многу работи со кои можеме да ги подобриме нашите односи. Ние ги сакаме нашите браќа Македонци. Ние сме наследници на кралот Александар Македон. Време да покажеме дека сме единствени и да ги искористиме приликите и да ги направиме границите поблиски една на друга.

Зоран Ќосески

Превземено од: МКД

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...