21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаСе откажува карневалот „Прочка“ во Прилеп

Се откажува карневалот „Прочка“ во Прилеп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на прес-конференција ја информираше јавноста дека почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство и Владата, Општина Прилеп ги откажува сите активности и настани кои се поврзани со годинешниот Меѓународен карневал „Прочка 2020“.

<

„Жал ми е што се случува ова, и покрај нашите желби и сите напори што ги направивме во претходниот период, во правец на успешно организирање на ‘Прочка 2020’. Пред неколку дена соопштив дека Општина Прилеп заедно со сите придружни членови и учесници од нашиот град, од државатa и странство сме целосно спремни и подготвени.

За жал, денеска мораме да им кажеме дека го откажуваме овој голем настан, кој со нетрпение го очекуваа не само учесниците, гостите и граѓаните, туку и сите ние, а се’ во интерес на заштита на здравјето на граѓаните на општина Прилеп и на сите граѓани и учесници од земјата и странство, кои ќе беа присутни како гости“, соопшти Јованоски.

Тој кажа дека традицијата на Прочка во Прилеп продолжува. „Ние само ја откажуваме манифестацијата за оваа година, а семејното прославување на Прочка што како традиција го негуваме во нашиот град, се разбира дека ќе продложи“, кажа тој.

Дополнително, градоначалникот Јованоски потенцираше дека согласно добиените препораки од Министерството за здравство и Владата, во наредните седум дена, во општината нема да се случуваат собири и настани од поголем обем на отворен и затворен простор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...