20.9 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаИсторијаЗнаете ли за најголемата љубов на Цар Самоил?

Знаете ли за најголемата љубов на Цар Самоил?

Дали и колку Охрид и Македонија, продавајќи приказни привлекуваат туристи? Дали знаете во кои Охридски цркви има мошти на светци? Како се прави ѓомлезе? Знаете ли која била Билјана што платно белела? Ова се само дел од приказните кои привлекуваат туристи и поради кои многумина би го одбрале Охрид како место кое сакаат да го посетат?
Една од приказните која со воодушевување сакаат да ја слушаат туристите, а за жал ретко ја знаат и охриѓани е онаа за Билјана. Која била Билјана?
Едно од тие преданија е она за огромната љубов меѓу цар Самоил и Билјана. За љубовта за преубавата Билјана постои многу интересна приказна која малкумина ја знаат.
Имено царот Самоил имал тајна љубов со Билјана, девојка која заслепувала со својата убавина. Самоил кој бил многу вљубен во преубавата Билјана, тајно се среќавал покрај изворите.
Откако сопругата на царот Агата, по потекло Гркиња, разбрала за оваа голема љубов испратила човек да ја убие, но девојката наместо да умре останала парализирана. Билјана не сакајќи во таква состојба да ја види царот, се засолнила во пештера на Галичица каде што му родила син на цар Самоил.
Кога тој го открил местото каде што се засолнила Билјана и во каква состојба е таа, царот се расплакал. Преданието раскажува дека точките кои ги има охридската пастрмка се царевите солзи, кои капеле во езерото. Според легендата кога Самоил конечно открил каде е неговата најголема љубов таа веќе била крајно изнемоштена. Билјана починала во негови раце.
Инаку за бистрата вода на Билјанините извори, македонскиот народ пропеал многу песни.

Најпознатата е: Билјана платно белеше“ :
“Билјана платно белеше на охридските извори
Ми поминаа винари, винари белограѓани.
Винари белограѓани, да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,
за свекор и за свекрва.
Билјано, моме убаво, ако ти платно згазиме
со вино ќе го платиме, со вино лута ракија.
Винари, белограѓани, не ви го сакам виното,
тук ви го сакам момчето што напред тера карванот
и носи кепче над око.
Билјано моме убаво
момчето ни е таксано
за него вино носиме, вино и лута ракија.”

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено...

После 24 години во Македонија ќе се отвори средно полициско училиште !!!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција...

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери. На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања,...

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, едно лице загина !!!

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило животот. На излез од село...