20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаРеакција на МД„Илинден“ за книгата „Бугарите во Албанија“: Македонците во Албанија не...

Реакција на МД„Илинден“ за книгата „Бугарите во Албанија“: Македонците во Албанија не се Бугари

Македонското друштво „Илинден”-Тирана  реагира и го осудува, како што наведува во пишана реакција, навредливото однесување на бугарскиот европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија Андреј Ковачев и на Спас Ташев во Корча, за време на промоцијата на книгата за „Бугарите во Албанија“ од авторот Спас Ташев.

 

– Македонско друштво „Илинден”-Тирана за  неприфатливи и негаторски ги  смета наводите во  книгата „Бугарите во Албанија“ од Спас Ташев, објавена со лого на Европската народна партија а промовинарана во Корча, која шири лаги и невистини за Македонците во Албанија, кои ги претставува како Бугари.Уште еднаш кажуваме дека во Албанија ниту имало, ниту има Бугари. Ние сме Македонци со мајчин македонски јазик, стои во реакцијата на друштвото „Илинден“.

Се додава дека авторот на книгата го обвинува друштво „Илинден“ како промотор на македонизмот во Албанија при тоа наведувајќи дека „Бугарите во Албанија се на удар на македонизмот“ а покрај тоа преземал фотографии без авторски права.

–Во книгата не обвинува за промоција на македонизмот, издвојувајќи цитати од соопштенија,  реакции, но и изјави на претседателот на друштвото, дека Македонците живеат во Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и многу градови во Албанија, и оти Бугари во Албанија нема.Тоа според  авторот, наводно, јасно покажувало, дека „македонските друштва не се склони да ја прифатат бугарската позиција на претставниците на населението во Албанија, чиј мајчин јазик припаѓа на групата словенски јазик“,што е чиста невистина потврдена со историски факти, се оценува во соопштенето.

Друштвото, исто така, наведува дека остро реагира и, стои во реакцијата, објавата на социјалните мрежи на бугарскиот европратеник Ковачев дека ги посетил „Бугарите во Врбник и во Мала Преспа“.

– По кој знае кој пат повторуваме, дека во Албанија не живеат Бугари, Македонците во Албанија не се Бугари. Македонците во Албанија не може да бидат колатерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за членство во Европската Унија. За бугарска согласност за започнување на преговори меѓу Брисел и Тирана е обврската Албанија да прокнижи Бугари на претсојниот попис во регионите каде што живеат Македонците, стои во реакцијата.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...