19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаИ оваа година нема да има К-15 за вработените во јавниот сектор.

И оваа година нема да има К-15 за вработените во јавниот сектор.

Нема К-15 за вработените во јавниот сектор, државата ги стопира сите вработувања, а на институциите им е забрането да ангажираат нов кадар дури и во ситуации каде што ќе има заминувања во пензија. Оние постапки за вработување кои се во тек ќе продолжат, а институциите се должни да не почнуваат нови.
Без ветеното покачување остануваат вработените во културата најмалку до крајот на оваа година.
На институциите во јавниот сектор им е забрането да почнуваат постапки за набавка на нови возила, мебел и канцелариска опрема, а расходите за репрезентации, спонзорства и реклами ќе мора да ги сведат на минимум.
Покрај ова, Владата ги задолжи сите јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост тековните расходи за оваа година да ги намалат за 15%.
Владата одвои нешто помалку од 1,3 милиони евра за санација, уредување на клиничкиот центар за да може да одговори на корона епидемијата. Според соопштението од владиниот кабинет, ќе се реконструираат улиците, тротоарите и паркинзите во Клинички за да се овозможи полесен проток на пациенти во оваа здравствена установа која се очекува да го понесе најголемиот товар на епидемијата.
Покрај овие мерки, Владата донесе уредби и за репрограмирање на одредени кредитни линии во насока да му се помогне на бизнисот. Па така нешто повеќе од 50 милиони евра од Европската инвестициона банка се пренасочуваат во поддршка на малите и средни претпријатија.
Професионалните возачи нема да може да полагаат испити додека трае вонредната состојба, а важноста на сертификатите на оние кои ги поседуваат ќе им биде продолжена се до нејзиното завршување.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...