13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаЗабаваМВР со јасновидци ќе го бара газдата на дивоградбата до Мавровка

МВР со јасновидци ќе го бара газдата на дивоградбата до Мавровка

Министерството за внатрешни работи соопшти дека објавило оглас за ангажирање на јасновидци, пророци, бајачи и гатачи, со цел еднаш засекогаш да се стави крај на сагата со инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка и да се открие неговиот идентитет.

Од МВР се надеваат дека за разлика од огласот за рушење на дивоградбата, овојпат ќе има пријавени, иако најголем дел од јасновидците кои ги контактиравме рекоа дека шансите тоа да се случи се еднакви на шансите инвеститорот сам да си ја сруши дивоградбата.

– Искрено, нема да се пријавам на огласот зошто во последно време третото око ич не ми работи. Ама пак можам да предвидам дека доколку по некоја случајност ѝ помогнам на полицијата и го откријам газдата не ме чека баш убава иднина. – ни рече еден од нив и не’ преколнуваше да остане анонимен.

Огласот ќе биде отворен до понеделник, а доколку до тогаш никој не се пријави, МВР најави дека сите регистрирани јасновидци, бајачи, гатачи и пророци ќе бидат уапсени за надрилекарство и лажно претставување.

 

Текстот е измислен со цел да привлече внимание и малку да ве насмее..

Извор: Коперација

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...