20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев - Во новата програма ветуваме дваесет илјади минимална плата и две...

Заев – Во новата програма ветуваме дваесет илјади минимална плата и две милијарди инвестиции

Мандатарот Зоран Заев пред пратениците рече дека предожените кандидати за идни министри се одговорни и угледни личности, докажани во своите области, мотивирани посветено да работат во остварувањето на целите кои пред нас ги поставуваме. Пратениците од опозицијата рекоа дека ништо добро не очекуваат од овој предложен состав на извршната власт и дека тие ќе гласаат против.

„Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е  20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да  оствариме раст од 4 посто“, изјави Заев.

Тој најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика.

„Износот на нето инвестициите ќе бидат милијарда евра. Нивото на јавни инвестиции ќе порасне на две милијарди, а странските директни инвестиции на над една и пол милијарди. Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од буџетот и 300 милиони од странските фондови“, изјави Заев.

 

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...