19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Јас и министерот Венко Филипче ќе бидеме во првите луѓе од...

Заев: Јас и министерот Венко Филипче ќе бидеме во првите луѓе од политичарите што ќе ја примат вакцината, но се разбира предност ќе имаат нашите херои, а тоа се лекарите !!!

Од политичарите прв веројатно ќе се вакцинира министерот за здравство, Венко Филипче, а премиерот Зоран Заев предност ќе им даде на хронично болните, возрасните и луѓето кои досега од ковид-19 загубиле член од семејството.

„Првин треба да се вакцинира здравствената Комисија, нашите херои лекари, медицинските сестри, здравствениот персонал, потоа хронично болните, повозрасните, па семејствата што изгубиле член од семејството. Од политичарите веројатно прв треба да биде министерот Филипче, а јас ќе бидам веднаш по министерот за вакцинирање откако ќе поминат на ред оние што имаат приоритет. Јас сум еднаков со другите и ќе дадам личен пример за граѓаните што побргу сите да се вакцинираме. Јас, моето семејство и роднините ќе се вакцинираме“, рече денеска Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата, тој кажа дека очекува враќање на животот во нормала кога ќе бидат вакцинирани 60-70 отсто од населението.

Според досегашните најави, првите 5.850 вакцини од „Фајзер“ треба да стигнат во февруари. Тие се дел од договорот за набавка на 800.000 дози од оваа вакцина преку Ковакс-системот, доволни за вакцинирање 400.000 граѓани. Од истата вакцина на „Фајзер“ 8.000 дози за нашите граѓани ќе одвои и Србија.

Во однос на вакцините што ги најави Европската комисија, амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан денеска рече дека ќе треба да се причекаат насоките од Комисијата за тоа како и колку вакцини ќе бидат испорачани во Македонија.

„Чешката Република е целосно вклучена во поддршката и го поддржува обезбеудвањето вакцини за Северна Македониаји и западноевропските држави. Парите се тука, 17 милиони евра се на располагање кои треба да се искористат за набавка на вакцините. Нашата позиција во моментот е да ја изведеме вакцинацијата во Северна Макаедонија преку ковакс системот, што значи дека ќе треба да чекаме Европската комисија да ја даде насоката како и колку ваквицни ќе бидат испорачани во вашата држава. Ве уверувам дека ние сме секогаш подготвени да дадеме дополнителни средства за дополнителни вакцини за вас, заинтересирани сме и со нетрпение очекуваме кога ќе почне процесот на вакцинација, но и во Чешка не добиваме толкав број вакцини колку што ни беше ветен. Треба да почекаме уште малку за да видиме јасна слика како сето ова ќе се одвива и во нашата држава и тука, во Северна Македонија“, рече Томан, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

мкд.мк

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...