13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Мораше да има полициски час, очигледно е дека граѓаните се опуштија...

Заев: Мораше да има полициски час, очигледно е дека граѓаните се опуштија и не ги почитуваат мерките.

Премиерот Зоран Заев, на прес-конференција потврди дека ќе има полициски час кој почнува од утре од 22 часот до 5 часот наутро, а ќе трае до 22 март. Тој напомена дека имало потреба од такво нешто затоа што, според него, граѓаните се опуштија, а непочитувањето на мерките придонело да има зголемен број на заразени.

– Очигледно е дека граѓаните се опуштија и не ги почитуваат мерките. Бројките ни кажуваат дека итно мора да се превземе нешто. Ги влечеме искуствата од соседите, од другите земји, кои имаа локдауни, видовме дека влијанието не е конкретно, посебно ако не се почитуваат мерките. Кај нас очекуваме рестораните строго почитување на мерките, а инспекторите се тука да контролираат, рече Заев.

Тој смета дека ова ќе придонесе за намалување на бројките.

– Знаеме дека младите се најголемите трансмитери на заразата, некогаш и без симптоми, не знаејќи дека се инфицирани, може да го пренесат вирусот. Сметам дека ќе придонесе за намалување на бројките, истакна премиерот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...