19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаИ мажите во Македонија користат ботокси и филери, едноставно сакаат да бидат...

И мажите во Македонија користат ботокси и филери, едноставно сакаат да бидат убави-Машки Магазин

До недоглед можеме да зборуваме дали мажите треба да употребуваат ботокс… Ама едно е сигурно- светот се менува, не мирува, новите технологии, техники и медицината напредуваат со забрзано темпо, се случуваат револуции во областа и на убавината…

А убавината е релативна, но ако не се негува, нема да биде континуирана! Надворешниот изглед на мажот е предодреден од многу фактори, ама грижата за него треба да вклучува спорт, теретани и духовна наобразба. А, дека и мажите стареат е процес кој може да се забави и да се избришат брчките.

Кога може мажите да пресадуваат коса, зошто да не користат и ботокс или филери, како тоа што го прави понежниот пол… Се разбира, се е до умереноста, личната перцепција, самодвербата, стручноста. Никој со сила не ги тера мажите да прават нешта кои не ги сакаат во поглед на разубавувањето, меѓутоа ако имаат потреба од физичко надополнување на убавината, постојат решенија. Во ординацијата на Д-р Анчевски, реномирана дерматолошко естетска институција кај нас, често е посетена од мажи кои сакаат да направат нешта поврзани со нивниот изглед…

Машки Магазин со Доц. д-р Анета Кокалеска Петрушевска,

Спец. дерматовенеролог од Д-р Анчевски.

ММ. Светските трендови не нѐ заобиколуваат. Денес, како никогаш до сега мажите водат грижа за својот сопствен изглед. Не се само теретаните во прашање… Кога станува збор за негата на лицето и телото, кои третмани се барани од страна на посилниот пол?

– Не така одамна единствено прифатливо место каде што мажите оделе на естетски третмани биле берберниците. И денес има мажи кои преферираат да се задржат на тоа. Но онаа другата група која е во растечки број одбира да се грижи и негува за изгледот на својата кожа на лицето, односно телото. Мажите избираат нивните третмани да се одвиваат во ординација која се бави со естетско-корективни третмани како што е ординација д-р Анчевски. Уште од отварањето на ординацијата имало голем интерес за сите третмани кои не се разликуваат од оние кај женската популација, а кои вклучуваат, чистење на лице, ласерска трајна епилација, ласерско остранување на флеки, црвенило, кожни израстоци, естетски корекции со ботокс и филери и особено популарните третмани со мезотерапија против машка ќелавост.

ММ. Всушност, што најмногу користат нашите мажи од овие нешта и на кои делови најчесто?

– Иако поскромно почна трендот кај мажите за корекција на брчки со ботокс и филери пред 15 години кога што започна со работа ординација и низ годините сè поназначено е побарувањето на ваквите третмани. Ботоксот е често побаруван третман за корекција на брчки кај мажите. Мажите сакат да корегираат брчки околу очите, челото и меѓу веѓите. Се повеќе ботоксот се користи и за третирање на здравствени состојби како што е прекумерното потење под пазуви, дланки и стапала.

За повеќе детали Машки Магазин

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...