16.5 C
Ohrid
недела, мај 16, 2021
Почетна Заедница Сиднеј -Собрани 34 751 долари за лекување на лица во Македонија- ...

Сиднеј -Собрани 34 751 долари за лекување на лица во Македонија- Настан на добротворната организација Св Архангел Гаврил

Translate (Eng):[gtranslate]

Хуманитарната Асоцијација Св. Архангел Гаврил од Сиднеј успешно изведе уште една хумана акција во која се собраа повеќе од дваесет илјади долари кои ќе бидат наменети за помош на лица во Македонија  на кои им е потребно лекување.

Во неделата на 22ри Септември во прекрасната Панорама над местото Булаи се собраа повеќе хумани македонци кои несебично донираа. Македонската група Арија и КУД Македонски Бисери од Волонгонг дополнително ја збогатија програмата.

Оваа хуманитарна организација составена од македонци од своето постоење  досега има донирано повеќе од триста илјади долари  кои беа исклучиво наменети за заболени лица од Македонија кои не беа во можност да си обезбедат средства за лекување.

РЕКЛАМА

Во официјалното соопштение стои

Австралиско-Македонската Асоцијација Св Архангел Гаврил одржа Добротворен Ручек на 22 Ноември во Panorama House Bill Tops. Од овој настан беа собрани вкупно $34,751 за следните лица:

Жаклина Стојановска – 40 годишна жена која беше дијагностицирана со тумор на градите. $4000 беа префрлени на г-ѓа Стојановска за нејзините неплатени медицински и животни трошоци.

Ѓорги Талески – 60 годишен човек кој имаше мозочен удар и е неподвижен. $4000 беа префрлени на г-дин Талевски за да се платат неговите медицински трошоци и да се подобри неговото здравје.

Дејан Најдовски е 8 годишно момче кое боледува од аутизм. $16,474 (€10,000) беа префрлени за неговиот третмант во Турција.

Останатите средства во износ од $10,000 ќе бидат употребени за да се исплатат медицинските трошоци за лицата на кои им треба помош а се на листа на чекање.

Копии од префрлените средства ќе бидат доставени на наредниот добротворен настан закажан за 7 Мај 2021 во Dolton House.

Австралиско-Македонската Асоцијација Св Архангел Гаврил уште еднаш им се заблагодарува на сите луѓе и организации кои го помогнаа овој добротворен настан.

- Реклами -