22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаЕстрадаСе породи македонската пејачка Симона, а никој не знаеше ни дека е...

Се породи македонската пејачка Симона, а никој не знаеше ни дека е бремена…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Познатата македонска пејачка и докторка Симона Поповска вчеравечер со објавата на својот Инстаграм профил ја изненади јавноста и своите следбенци – таа станала мајка на машко бебенце.

<

Изненадување за нејзината публика и јавноста беше тоа што никој не знаеше ниту дека пејачката е бремена. Откако вчера на нејзиниот профил се појавија честитки од пријателите сите дознаа дека Симона станала мајка.

Во телефонски разговор за „Бекстејџ“ тазе мама Симона откри зошто ја криеше бременоста, зборуваше и за чинот на породувањето, но и за тоа кое име го одбреле за наследникот.

-Чувството искрено не може ни да се опише,им посакувам ма сите кои што сакаат да се остварат како мајки што побрзо Господ да ги благослови,затоа што ова е еден момент кој што ќе се памети цел живот и не може да се спореди со ништо друго, вели Симона и додава дека породувањето поминало во најдобар ред, а откри и зошто не откриваше деќа ќе стане мајка:

 

 

-Jас и бебето сме одлични,имав прекрасен тим,породувањето беше спонтано и тоа е тоа. Веќе избравме име,ќе се вика Никола. Изненадувањта се реално секогаш послатки,јас не сум човек кој ја споделува приватноста ,но не беше намерно туку поради ситуацијата што се случува со ковид-19,периодот ми беше работа дома,чување и тос е тоа, вели пресреќната мајка која го опиша и моментот кога првпат го земала во реце своето чедо.

Кога ми го дадоа во раце доаѓаат солзи радосници и знаеш дека доаѓа нова етапа од животот како никоја досега, го заврши таа разговорот за „Бекстејџ“.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...