8.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаЕстрадаСопругот на Гавазова: Не е убаво што лажат медиумиве, не правиме куќа...

Сопругот на Гавазова: Не е убаво што лажат медиумиве, не правиме куќа во Охрид туку во Дојран

spot_img

Тоа што ставив своја слика на својот ФБ на која сум во самото Охридско Езеро на некои им ја расцути бујната фантазија дека куќа градиме во Охрид. Дал да плачам или да се смеам на оваа лага? Вистина е дека куќа градиме, но не во Охрид туку во Дојран, вели за весникот ВЕЧЕР Јасмин Курузовиќ

Нашата мега популарна (фолк) пејачка Сузана Гавазова деновиве ја тревожи јавноста и тоа од две причини. Едната е поради најновата песна насловена како „Аманет“ за која е снимен и атрактивен видеоспот на разни локации во Охрид, особено во „Заливот на коските“. Песната се врти на огромен број радиостаници со што веројатно ќе го повтори успехот на хитот “Бум,бум“.

Втората причина поради која Сузана е најмногу и озборувана од чаршијата, а не само во медиумите е веста дека таа со сопругот Јасмин гради голема семејна куќа во Охрид на една извонредна локација од која се пружа фантастичен поглед на Охридското Езеро. И ете, ние како многу љубопитен народ, но и уште позавидлив не можеме ако не си создадеме секакви приказни, од оние душманските, од каде им се парите на Сузана и Јасмин, до оние дека и тоа нема долго да им трае.
Сепак, на сеирџиите устата не можеш да им ја затвориш, па вистинскиот одговор за весникот ВЕЧЕР го побаравме, не само од Сузана, туку токму на вистинското место кај нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ, со кој пејачката е во долгогодишен среќен брак.

-Силно сум изненаден, малку и разочаран од овие дезинформации кои се пласираат во одреден дел од македонските медиуми за куќата која ја градиме јас и Сузана, вели Јасмин. Тоа што ставив своја слика на својот ФБ на која сум во самото Охридско Езеро на некои им ја расцути бујната фантазија дека куќа градиме во Охрид. Дал да плачам или да се смеам на оваа лага? Вистина е дека куќа градиме, но не во Охрид туку во Дојран! Тој град од источната страна на Македонија ни е секако поблиску до Струмица во која сме сега. А и самиот Дојран има потопла клима, онаа Медитеранска, која некако на мене и Сузана повеќе ни одговара. Доста ни е од она студенило, оние снегови кои ги имавме додека живеевме во студената Шведска.

И двајцата заедно со децата сакаме долго, топло лето, благи зими, убави медитерански плажи и куќа на брегот на езерото. Всушност ние како семејство сакаме постојано да сме во вода, да пливаме, да се ладиме од тропските жештини, да пиеме освежителни сокови во ладовина на палмите. Како во соништа, а зошто да не?!

Сето тоа јас и Сузана го најдовме во топлиот Дојран, кој е од мај до ноември целиот расцутен со леандри, калинки, лаванди…. и обоен е во зеленилото од раскошни Медитерански билки, вели Јасмин кој потенцира дека не може да им се начуди на тие медиуми кои шират непроверени вести, како што вели, дека се тоа лажни вести. – Куќа градиме, ама локацијата ни е во Дојран, а не во Охрид, потврдува за весникот ВЕЧЕР, сопругот на нашата атрактивна пејачка Сузана Гавазова.

Дуле Миќиќ

Вечер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од Лигата на шампионите. Гостите беа разочарани од...

Тошковски: Над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...

Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право...

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...