19.6 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Естрада Спасен Силјаноски: Жално е што сите ги читаат само насловите од вестите,...

Спасен Силјаноски: Жално е што сите ги читаат само насловите од вестите, па ме осудија предвреме, без да прашаат што сакав да кажам.

Translate (Eng):[gtranslate]

Ова е последно нешто кое што би сакал да до напишам во врска со мојот Фб статус објавен пред неколку денови и пренесен од огромен број портали. Текст во кој не навредив лично никој, не навредив ниту вера нити нација нити пак на некој му наредив или пробав да го убедам каква музика да слуша.

Го напишав мојот личен став и моето лично мислење и убедување во одност на дискриминацијата на нашата Македонска музика посебно од САМИТЕ СЕБЕ. При тоа напишав дека лично јас почитувам и слушам музика од секоја нација и култура и музика од секаков жанрн, се разбира доколку сметам дека лично ги задоволува моите вкусови и критериуми.  Но исто така напишав дека несвојствено е на една МАКЕДОНСКА прослава да се слуша секаква друга музика освен Македонската.

И на тој став останувам сега засекогаш и во вечни векови. И покрај сето тоа наидов на огромен број критики и навреди и тоа посебно од МАКЕДОНЦИ, А зошто? Затоа што ги искажав моите чувства кон нашата музика, затоа што застанав во одбрана на нашата Македонска музика. Значи НАШАТА, не мојата туку нашата Македонската, Музиката на која ни завидува цел свет, музика која сака да ни ја присвојат многу наши соседи.

РЕКЛАМА

И повторно повторувам при тоа потенцирајќи ја почитта кон музиката од нашите соседи. Критиките и навредите кои ги добивав од другите нации ги занемарувам иако и тие не се во право но очигледно не го прочитале во целост мојот текст во кој го искажувам моето почитување кон нивната национална фолк музика… Но неисе. Најчудно ми беше тоа што наидов на критики и навреди од голем број “македонци”… Затоа што сум напишал дека треба најпрво да си го почитуваме она нашето, а секако после има место се се друго.

Неможе на еден Албанец српската или Мк музика да му биде по мила од Албанската. Може да ја почитува но не може да ја сака како својата. Неможе за еден Србин повредна да биде Македонската или Грчката музика од сопствената од Српската. Може да ги почитува но не и да ги сака како својата.. И тн… тн. ЕХ кај нас ете можело. Можело туѓата музика да се сака повеќе од својата. Наидов на коментари замислете дека Македонската музика била само за на погреб, коментари од Македонци. Голем дел од коментарите беа дека тука се работи за вкус. ОК се сложувам дека за вкусови не се разговара, но овде не говориме за Банана и Мандарина.

Јас ве прашувам дали вашето дете ви е помило од детето на комшијата, а вие ми одговарате: епа тоа е прашање на вкус 😃
За крај.. Всушност тоа и ми беше поентата на овој текст,..
За сите вие Македонци кои се страмите од своето, кои го негирате своето, а го величите туѓото… Ќе дојде ден (кој не го посакувам) кога ке копнеете да слушнете Македонска музика, а нема да ви биде дозволена… Исто како што нашите браќа од Егеј не смееја да говорат, да пејат, дури ни да плачат на Македонски.
– Освестете се додека има време, не се страмете од тоа што сте. Гордеете се со тоа. Кога ќе го почитувате она вашето она што сте, тогаш ќе има место во вашето срце за да сакате и почитувате се останато……

На тие што ќе го разберите овој текст ви благодарам и мило ми е, на останатите Бог нека ви е на помош и нека ви даде разум и смирение.
– Со почит кон сите Спасен Сиљаноски.
п.с. Текстот е дозволен за пренесување на сите портали под услов да се пренесе објективно и детално како што е напишан.

- Реклами -