25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаЕстрадаСања Барби - Врска немате од музика, а ми се смеете за песната...

Сања Барби – Врска немате од музика, а ми се смеете за песната Ковид и Се*с ама ќе ме молите да ви ја пеам на свадбата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бура од реакции предизвика новата песна на Сања Барбика „Ковид и секс“, како позитивни така и негативни.Додека едни ја фалеа за креативност и храброст, други  ја обвинија пејачката дека  се потсмева и поигрува со катастрофата која зацрни многу човечки судбини и одзеде илјадници животи.Се чини дека Сања не можеше повеќе да издржи па се обрати на „хејтерите“ , но и до оние кои ја пофалија.

<

„Почитувани хејтери,

Долго размислував на крајот одлучив да оделам малце време и за вас.Свесна бев дека незнаете да ја препознаете храброста да се донесат новите трендови кај нас, но ете и овој пат решив да бидам во првите и покрај тоа што знаев на какви коментари ќе наидам.

Ама ако не Ви замерувам, толку Ви е капацитетот да процените и да вреднувате, само не ми е јасно како ги поддржувате естрадните уметници од регионот со овој жарн на музика, а нас домашните не плукате, вреѓате и понижувате, од мене простено Ви е.

На крајот од денот ако не Ви се допаѓа не слушајте и не гледајте, сите ние имаме различни вкусови, а во тоа сум сигурна бидејќи покрај многуте хејтерски коментари, добив дупло повеќе поддржувачки и охрабрувачки коментари, да бидам искрена Ви благодарам и на едните и на другите.

Имало и коментари од типот дека сум ги исмејувала жртвите од Ковид, НЕ НЕ НЕ, како би ги исмејувала кога и јас лично го прележав вирусот, темата на песната е таква се со цел малце позитива да дадеме на се околу ковид вирусот, да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија!

Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави!

П. С. Сигурна сум дека на истите често ќе ја барате да ја пеам Ковид и секс“ – дословно им порача струмичката Барбика.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...