25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаЕстрадаЗа сите оние кои изгубија некого од коронавирусот-Пејачката Наташа Мијатовиќ со нова...

За сите оние кои изгубија некого од коронавирусот-Пејачката Наташа Мијатовиќ со нова песна и спот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пејачката Наташа Мијатовиќ Мијата за својот 40. роденден ја промовираше новата песна „Невидени“. Музиката и аранжманот се на Александар Јовевски, додека текстот го напиша Весна Малинова.

<

Ова е втора нејзина песна оваа година, откако во февруари ја промовираше ,,Маска”, која беше и нејзино режисерско деби. И овој пат Мијата самата го режираше спотот.

Песната му ја посвети на нејзиниот пријател Бранко Стојоски, кој ја загуби битката со коронавирусот, но и на сите кои изгубија некого во пандемијата.

„Песната ја напишав за мојот драг пријател, но и за сите кои не се изборија со пандемијата. Сакав да нема тага во ‘Невидени’, сакав да го прославиме животот и достоинствено да го чуваме споменот на сите драги луѓе кои ги изгубивме“, рече Мијата и додаде дека песната ќе се најде на нејзиниот втор албум кој е во подготовка.

Мијата е присутна на сцената околу 15 години, кога ја освои публиката со песната ,,Верувам во себе”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...