19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев вечерва го запрел полицаец-Ми вика слободен си, му викам јас сум,...

Апасиев вечерва го запрел полицаец-Ми вика слободен си, му викам јас сум, ама ти не си-Не се к*рчи кога незнаеш право

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вечерва на Фејсбук напиша дека додека возел накај Штип, го запрел полицаец, при што настанал конфликт кога полицаецот сакал да го тестира пратеникот дали вози под дејство на алкохол. Целата приказна прочитајте ја во продолжение:

– Ноќва возам накај Штип. Ме запира џандар, ваљда обучен на курс. Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за „недозволени супстанци”! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?

Ми вика ќе ти пишам казна 500 еур за одбивање „дување“!? Му викам, господине, ја „дување“ никад не одбивам, ама за претрес на пратеник ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација).

Сфаќа дека ја укакал. Дувам – алкохол 0.00. Ми вика слободен си. Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба, Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за „дувањето“. Ве молам постапете така. Одбива пак!

Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони).

После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување.

Наравоучение: не се к*рчи, коа не знаеш право!, напиша Апасиев на Фејсбук.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...