13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаMицкоски: Имам притисок од семејството, бара да одиме на одмор, но јас...

Mицкоски: Имам притисок од семејството, бара да одиме на одмор, но јас не ги оставам моите граѓани сами да се мачат со големите пожари, одморот може и да почека….

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, е згрозен, како што вели, од лагите на власта дека неговата партија ги поттикнува палењата на пожарите кои беснеат низ земјата.

„Монструозни лаги и со чувство на гадење гледам на злобата на Власта. Ги жалам таквите ликови кои тврдат дека намерно ние ги распалуваме“, рече Мицксоки.

Претседателот на најголемата опозициска партија, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, рече дека поради ситуацијата нема да замине на предвидениот летен одмор.

„Имав силен притисок од семејството, но нема да користам годишен одмор, само еден два дена ќе ме нема за да гу вратам назад најблиските“, рече тој.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ најмногу ќе помага во справувањето со огнената стихија во беровскиот крај.

„Денеска ќе бидам во Пијанец и Малешевијата, ќе седиме до крај таму, ќе обезбедуваме намирници и вода. Ги повикувам сите опптествено одговорни субјекти да му помогнат на народот. Заедно ќе ја добиеме оваа битка. Заедно ќе бидеме уште посилни“, порача Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...