13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Вакцинирани се и моите две деца, од кои едното е 17...

Заев: Вакцинирани се и моите две деца, од кои едното е 17 години

Мерките ги даваат очекуваните резултати. Замолувам за разбирање кај граѓаните во однос на ограничувањата со мерките. Секој има право да одлучи дали ќе се вакцинира или не, но државата е должна да го заштити колективното здравје, посочи премиерот Зоран Заев за актуелните здравствени мерки во интервју за Дневникот на телевизијата „Сител“.

Заев истакна дека вакцинацијата е единственото решение да ja победиме оваа пандемија, при тоа наведе дека најголем број на заразени има во средините каде што има најмалку вакцинирани и додаде дека бројот на заразени вакцинирани со две дози е незначителен процент, односно се движи околу 0,002 или 0,0017 промили.

Тој истакна дека има целосна доверба во препораките кои ги добива Владата од Комисијата за заразни болести, за која нагласи дека е составена од врвни експерти, а дека при носењето на одлуките се прават споредби и со искуствата од светот.

„Колку расте бројката на вакцинирани, толку ќе паѓа бројката на заразени. Мора да го заштитиме животот, затоа што секој живот е драгоцен, секое здравје е драгоцено. Токму затоа, колку и да е непријатно, одиме со вакви мерки“, посочи премиерот Заев и упати апел до граѓаните да се вакцинираат.

Секаде во светот така и кај нас, најлесно ќе ја совладаме пандемијата и ќе се вратиме на нормалното со вакцинирањето. Апелирам до сите, го кажав мојот личен пример, две деца имам, едното е неполнолетно, 17 години, во октомври полни 18, прими вакцина, другото дете, ќерката е 20 години, студент, прими вакцина, јас, сопругата, сите. Треба да го следиме тоа што врвниот светски експертизам го кажува, вакцинирањето е лекот за совладувањето на пандемијата“, истакна премиерот Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...