19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМарјан Баловски: Луѓе кои мислат дека имаат алергија, подобро да се изолираат

Марјан Баловски: Луѓе кои мислат дека имаат алергија, подобро да се изолираат

Пулмологот Марјан Баловски од ГОБ „8 Септември“ во вестите на ТВ 24 ги повика граѓаните кои првично сметаат дека имаат симптоми на алергија да се изолираат поради можноста да се преносители на Ковид.

– Луѓе кои мислат дека имаат алергија или настинка да се изолираат. Наводно тоа може да се смета дека е лесна настинка или алергија, но може да заразат дури седум други од вирусот, рече Баловски.

Тој како пулмолог рече дека е неблагодарно да прогнозира кога ќе биде пикот на четвртиот бран, но додаде дека треба да се подготвиме за ламбда сојот кој се очекува да го има и во земјата.

– Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи, истакна докторот.

Додаде дека со Ковид-19 нема правила и дека белите дробови се прва мета така што настанува веднаш уништување на оние клетки кои прават размена на кислородот.
Извор:Фактор

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...