24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаЕстрадаПознатата пејачка Наташа Беквалац прими трета доза „Фајзер“

Познатата пејачка Наташа Беквалац прими трета доза „Фајзер“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Српската пејачка Наташа Беквалац утрово во Белград ја прими третата доза од вакцината „Фајзер“. Таа се вакцинираше на белградскиот саем, каде што ја пречека заменик градоначалникот, Горан Васиќ. Третата доза од вакцината, која се нарекува „бустер“ и го засилува дејството на првите две вакцини, во Србија може да се прими од пред десетина дена.

<

Откако се вакцинираше, Беквалац пред новинарите рече дека до сега не се заразила со вирусот, а решила да ја прими третата доза од вакцината за да се заштити и себе, своите најблиски, но и публиката која доаѓа да ја гледа на малкуте настапи што ги има последниве месеци.

„Сакам да апелирам до луѓето да се вакцинираат. Не се сомневам дека ова е единствениот начин да се запре ширењето на болеста и да се вратиме во нормала. И мојата најстара ќерка ќе се вакцинира. Жал ми е што гледам дека бројот на заразени пак расте, а бројот на вакцинирани стагнира“, рече Беквалац.

Пејачката го привлече вниманието со пораката што ја испрати, но и со изгледот. Таа беше облечена во црна мини сукња со кошула и високи потпетици, и Луј Витон очила кои чинат 500 евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...

Седум години Северни- Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа !!!

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и...

Патничко комбе излета во Охридското Езеро кај селото Подмоље.

Утринава на стариот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на болницата „Свети Еразмо“, патничко комбе излетало од коловозот и завршило во Охридското...