13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев се пофали: Познат сум по постигнувањето договори

Заев се пофали: Познат сум по постигнувањето договори

За Отворен Балкан како премиери имаме различен став, но тоа не ни е пречка одлично да соработуваме затоа што должност ни е да им служиме на нашите граѓаните, на економијата, на коморите, на институциите и тоа токму го правиме, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање што тој мисли дека треба како став да има Косово за Отворен Балкан.

Јас само ќе кажам дека Косово е суверена и независна држава, ги гради своите ставови и ги почитуваме тие ставови. Како човек ќе кажам дека сум познат по постигнување на договори, доказ за тоа се и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, рече Заев.

Според него, на Балканот треба да има дијалог, треба да има разговори, да постигнува договори. На тој начин, смета Заев, повеќе ќе се европеизираме, ќе ја унапредиме регионалната соработка и ќе го засилиме нашиот пат кон ЕУ.

Целиот Западен Балкан, сите шест земји немаат друга алтернатива освен членството во ЕУ. Секое билатерално, мултилатерално договорање овде во регионот е апсолутно заради побрза, поефикасна иднина во ЕУ на сите наши земји, нагласи Заев.

Нашата земја, додаде, покажа храбри чекори заради постигнување на таа цел, а тоа, како што посочи, е полноправно членство во ЕУ.

Ја постигнавме втората стратешка цел, НАТО. Во едни такви околности мислиме дека ако регионот повеќе соработува и Западна Европа и северна Европа и останатиот дел од Европа уште повеќе ќе почитува. Балканот веќе не е буре барут, Балканот не е темпирана бомба. Балканот е балкан на 21 век, ние денес и билатерално тоа го потврдивме со Република Косово, сите наши министри, ние како премиери. Јас сум уверен дека во иднина дијалогот, дипломатијата добрата мисла, пријателството, подадената рака се иднината на европскиот дел на Балканот. Нашето место е заслужено да биде таму, како членки на ЕУ, истакна Заев.

Премиерот Курти, пак, посочи дека сакаат што повеќе соработка и остварување на договорите на билатерално ниво меѓу Косово и Македонија, а денешната средба меѓу двете влади, според него, е доказ за тоа.

Ние сме ориентирани кон иднината, за нас иднината е Европската Унија. Значи ЕУ е нашата среќа, додека Европа е нашиот континент. Затоа, ние ќе ги поттикнеме сите регионални соработки, кои што за цел ја имаат ЕУ, рече Курти.

Додаде дека заедничката желба која ја покажале на овој состанок за нив е гаранција дека тоа што е потпишано на хартија ќе биде остварено и во реалноста.

Оваа наша подготвеност и сериозноста која ја прикажуваме убеден сум дека сите овие договори ќе бидат остварени, а потоа да продолжиме да ги остваруваме и другите позитивни договори коишто беа сопрени. Верувам дека до крајот на нашиот мандат, нема да има потреба на крајот да зборуваме за неостварени договори, туку само за нашите заеднички достигања, на секое од полињата од овие 11 договори кои ги спомнав претходно, рече Курти.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...