20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаНа локалните избори во Македонија ќе може да гласаат 1 824 864...

На локалните избори во Македонија ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани.

Како што беше соопштено на 27-та седница на ДИК, од вкупниот број гласачи, во изводите на избирачкиот список се запишани 1 740 147 лица.

Во посебните извори од избирачкиот список се запишани 82 461 лица кои се на привремена работа или престој во странство, 1899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, согласно евиденцијата на министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

Изборната кампања за локалите избори закажани за 17 октомври ќе почне утре (27 септември) и ќе трае 20 дена пред денот на изборите, до 15 октомври пред полноќ.

Учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати веќе го најавија почетокот на кампањата, како и активностите што ќе следуваат.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...