13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаДенеска се прославува Свети Тома – една работа денеска морате да ја...

Денеска се прославува Свети Тома – една работа денеска морате да ја направите, еве од што треба да се воздржите

Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрвин во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен.

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци.

Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде, освен во црква и тоа е најважниот обичај кој треба да се испочитува денеска.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...