20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаСинот на Амди, Габриел: Го нема човекот, кој од мене направи човек,...

Синот на Амди, Габриел: Го нема човекот, кој од мене направи човек, го нема човекот кој направи џамија, ако ме гледаш од некаде биди горд со мене…

Во 2020 на денешен ден На 64-годишна возраст почина Амди Бајрам, денес неговиот син Габриел со емотивна порака, и фотографија од вечното почивалиште се присети на него, и на убавите моменти кои ги поминале заедно…

Го нема… Го нема човекот кој од мене направи човек!!! Денес, навршува една година откако ја нема личноста која од мене направи лик!!! Се би дал да го нема мрачниот 24 октомври!!!
Се си е на своето место! Троседот, трпезаријата, колата, телефонот, работната маса, партијата, народот, политичарите, џамијата… Но него го нема!!! Нема кој да одмара на троседот и игра со внуците, нема кој да седи на главното столче на трпезаријата и да ја собере цела фамилија. Нема кој да седи на предното седиште на колата, нема кој да ја разубави колата, бидејќи без него не личи. Сеуште стои празно неговото столче на работната маса во партијата!!! Народот, на митинзите ја нема таа еуфорија која ја правеше неговиот став и име. Народот нема на кого да викне АМДИ АМДИ АМДИ!! Нема кој да чукне на маса, нема политичар кој знае да преговара!!!
Се е тука, но ништо не вреди, бидејќи татко ми не е тука!!!
Почивај во мир, татко мој!!!
Ако ме гледаш од негде, те молам насмеј ми се и кажи ми: Се гордеам со тебе сине!!!

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...