20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица: СДСМ ПРЕКУ ЛАЖНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЦРНА КАМПАЊА ОЧАЈНО СЕ ОБИДУВА ДА...

Левица: СДСМ ПРЕКУ ЛАЖНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЦРНА КАМПАЊА ОЧАЈНО СЕ ОБИДУВА ДА СЕ СПАСИ ОД НЕМИНОВНИОТ ПОРАЗ!

Денеска, непосредно пред започнување на изборниот молк за вториот круг од локалните избори, осамнаа флаери и други материјали со лажна политичка содржина и лажно претставување и кривотворење на симболите и името на Политичката Партија Левица. Содржината на материјалите, која наводно е испечатена и подготвена од Левица, е класична црна кампања против независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.

Судејќи според целокупната организација и текот на овие избори, присуството на сиот притисок, поткуп, заплашување, уценување и нерегуларности кои ги посведочивме во текот на кампањата, како и на денот на самите изборите; но, судејќи и според резултатите после првиот круг од овие избори, несомнено е дека ваквото кривично дело, преку лажно претставување, единствено може да биде дело на структури блиски до власта и со директни инструкции токму од владејачката партија СДСМ.

Крајната цел на сето ова е обид да се нанесе штета на политичката партија Левица, која веднаш се оградува и најодговорно тврди дека материјалите не се дистрибуирани и нарачани од нејзина страна. Како и преку измама да се изманипулираат, спречат или присилат граѓани при искористување на своето избирачко право.

Ваквото преземено дејствие целосно го исполнува битието на кривичното дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“ казниво по член 160 ст. 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 3 години!

Дополнително, до нас допреа информации дека печатницата во која се печателе ваквите флаери со лажна содржина е со седиште во Богданци и истата е сопственост на лице кое во 2013 година е член на Централниот одбор на СДСМ и истото ова лице е татко на еден од советниците од редовите на СДСМ во општина Богданци. Печатницата континуирано се поврзува со СДСМ и нејзините раководни лица можат да се забележат на митинзите на СДСМ и во друштво со највисоките членови на владата. Само во периодот од 2018-2020 година печатницата добила тендери т.е. склучила договори за разни услуги со неколку државни институции во вкупна вредност од 6.157.245 ден!

Оттука, поради горенаведеното ја повикуваме Државната изборна комисија, во соработка со Јавното обвинителство, да преземе мерки за оневозможување на наведеното противзаконско дејствување кое се заканува да биде извршено од страна на блиски структури на власта, а кое несомнено ќе има негативни импликации по демократскиот капацитет на државата.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...