13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаНа Мицкоси не му се допаѓа „Северна“ но вели „ако не ја...

На Мицкоси не му се допаѓа „Северна“ но вели „ако не ја користиме ќе биде проблем“

„Тоа што се случува во дел од советите во општините, каде свечените изјави се даваат со старото уставно име на државата „Република Македонија“, е последица на неусогласеност на Уставот и законите“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој смета дека новото име било реалноста во која функционираме.

„Тоа што се случува во советите е резултат на неусогласеност на законите со Уставот. Законот за локална самоуправа за жал не е усогласен со Уставот и уставните измени и тие изјави што ги даваат идните советници се такви како што се. Дали некој сака од тоа да направи дефокус од главната тема, а тоа е оставката на Зоран Заев и падот на оваа влада, е друга тема“, – рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања околу оваа тема, тој кажа дека новото уставно име е реалност и ако не се почитува може да се случат проблеми во административното функционирање на државата. Кога ќе дојдеме на власт, рече тој, ќе работиме тоа да го промениме.

„Доколку ме прашувате дали е реалност, па ние функционираме во оваа реалност. Оваа партија има пратеници во рамките на Собранието, потпишале изјава тие пратеници со новата придавка која ја донесе таа нова реалност. Зоран Заев ја донесе таа нова реалност и ние сме се произнесле за тоа многу пати во минатото. Еве и дел од градоначалниците кои се избрани, се произнесоа. Дали таа реалност ни се допаѓа? Не, не ни се допаѓа. Но, доколку не се почитува таа реалност во рамките на административното функционирање на тие институции тогаш ќе имаме проблем со други инстанци како што е обвинителство, судство итн. Дали ќе работиме таа реалност да се промени еден ден кога ќе имаме можност? Јас ви кажувам, да ќе работиме, но во моментот таа е реалноста во која функционираме сите ние како жители во Македонија и таа е болна, понижувачка за сите нас кои ја чувствуваме Македонија како наша татковина“, изјави Мицкоски.

Ова прашање се актуализираше во јавноста откако на конститутивните седници во општините Штип и Аеродром, каде победи ВМРО-ДПМНЕ, новите советници потпишаа изјави со „Република Македонија“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...