3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаАвстралијаВО МЕЛБУРН СЕ ОДРЖА ДЕВЕТТИОТ МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА

ВО МЕЛБУРН СЕ ОДРЖА ДЕВЕТТИОТ МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА

Пишува Гордана Димовска 
20 ноември 2022 година, Мелбурн, Викторија, Австралија – Во организација на Македонско австралиската заедница заврши традиционалниот Деветти Македонски фестивал на храната во Yarraville Gardens.
Организаторите презадоволни, посетителите воодушевени од успешната презентација на македонската храна, култура и традиција со рекорден број на посетители кои не сакаа овој фестивал да заврши.
– И по деветти пат потврдивме дека сме организирани, сложни и ја сакаме, негуваме, продолжуваме македонската традиција, иако далеку од родната земја Македонија, – изјави организаторот.
Имаше премногу штандови со македонска храна, пијалоци и добра книга за читателите, секому според вкусот.
One of the best Macedonian food festival this year in Yarraville Gardens organized by Macedonian Australian Community organization.
Присутните проследија импресивни настапи на културно уметничките друштва “Јане Сандански”, “Гоце Делчев”, “Светлост”, Bendjo Academy, Vietnamese dancing group, Seko band, Сања Ристевска од Македонија, Вера Трајковски, Лидија Јаневска, Васко, Амел, Џесика Стојчевска, Петар Дамчевски, Македонче, Иван Радевски, Татијана и Новица.
Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки до организаторот со желби традицијата да продолжи.
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...