30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотМакедонците во Белград ги одбележаа Св. Климент Охридски и Деновите на македонската...

Македонците во Белград ги одбележаа Св. Климент Охридски и Деновите на македонската култура

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во рамките на одбележувањето на празникот Св. Климент Охридски и на Деновите на македонската култура во Србија, НИУ „Македонски информативни и издавачки центар“ од Панчево и Книжевното друштво од Раковица, во  Галеријата на Центарот за култура во Раковица во Белград одржаа „Книжевната средба помеѓу македонските писатели од Србија и нивните пријатели – српските писатели“.

<

На средбата со читање и презентација на своите дела учествуваа академик Војислав Максимовиќ, академик Ристо Василевски, познатиот српски писател Радомир Андриќ, претседателот на Српското здружение на писатели Душко Новаковиќ, доктор Љиљана Стејиќ-Василевски, Љиљана Јањачковиќ позната по книгата „Македонија земја на добрите луѓе“, актерката Соња Жугиќ, м-р Јордан Ристиќ, д-р. Мичо Цвијетиќ, сликарката и поетеса Наташа Радосављевиќ, Милан Стојановиќ и познатиот гитарист проф. д-р Урош Дојчиновиќ.

Домаќини и модератори на српско-македонската „мултикултуралност која поврзува и гради мостови“ беа познатиот македонски писател, поет и директор на НИУМИЦ Виктор Шеќеровски и Никола Рајаковиќ од Центарот за култура во Раковица. Традиционално чествување на празникот Св. Климент Охридски со пригодна програма одржа и Здружението „Македониум“ од Белград во Фондацијата „Бранислав Нушиќ“.

Извор Илинден Тирана

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...