7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаЕстрадаТатјана и Новица се вселија во нов дом во Мелбурн

Татјана и Новица се вселија во нов дом во Мелбурн

Познатите музичари Татјана Лазаревска и Новица Василевски, заедно со двајцата синови живеат во Мелбурн, Австралија. Тие деновиве се пофалија со нова куќа и среќни се поради тоа што веќе се вселија во новиот дом. На гости деновиве им беше екипата на ИН ТВ.

Добропознато во јавноста е дека познатата музичка двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски скоро шест години живеат во Мелбурн, Австралија. Како што дознава екипата на Естрада плус, тие си купија нова куќа и од неодамна веќе се вселија во неа.

Татјана и Новица за естрадниот магазин изјавија дека се многу среќни што се вселија во новиот дом и што ќе може да уживаат во него заедно со нивните синови, Петар и Стефан.

На големо задоволство, деновиве на гости кај нив беше дел од екипата на сателитската ИН ТВ од Македонија и Австралија, кои се пофалија дека навистина прекрасно си поминале таму и дека Татјана и Новица се одлични домаќини и гостопримливи луѓе. Заедно со нив, беа и дел од членовите на Оркестар Маестрал од Битола, кои во моментов се на Австралиска турнеја, па со сигурност можеме да кажеме дека имало одлична македонска дружба.

За потсетување, пред извесно време тие ги угостија Мартин Вучиќ и Љупчо Бубе, кои беа на турнеја со ансамблот Танец, а истотака дружба со Татјана и Новица имаше и легендарната фолк пејачка Благица Павловска која пред неколку месеци ги посети во нивниот дом во Мелбурн.

Татјана во неодамнешно интервју за ИН ТВ, зборуваше за животот во Австралија и колку нив им беше тешко или лесно да се прилагодат на тамошниот живот.

-За мене и за Новица апсолутно не беше ништо ново. Многупати со Новица, заедно со Биоритам или јас со други колеги, бев седум пати на турнеја во Австралија. Имаме еден голем круг на пријатели, поддржувачи на нашата музика и дело. Одлуката падна кога почувствувавме дека во поглед на музиката направивме се што може да се направи во Македонија и без некоја конкретна причина решивме да заминеме,– истакна Татјана во една прилика.

Таа меѓудругото се пофали дека животот во Австралија е прекрасен, одлично се прифатени од луѓето таму и стекнале голем број пријатели.

Инаку, Татјана од понеделник до петок се дружи со најмладите, бидејќи работи како учителка во градинка, но викендите и се резервирани за свирки и дружба со нејзините колеги музичари од Мелбурн.

Екипата на Естрада плус на Татјана, Новица и нивните синови, им посакува многу среќни мигови во новиот дом !

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...