15.4 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаЕстрадаСеќавање на Тоше Проески: Мамо, дали еден ден, кога ние ќе имаме...

Сеќавање на Тоше Проески: Мамо, дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од мал беше капетан на трите брода на  базиликата од   храмот „Свети Никола“. Кога пееше на неделната или празничната миса, оживуваа сите ликови од волшебните иконостаси на Гарката и на Станишев. Иконите на зографот Михаил го поздравуваа со долг аплауз. Исчезнуваа лузните на црквата   од   илинденскиот палеж  во 1903 година.  Никола и Домника не забележаа ниту еден фалш кај својот син.

<

Во семејството на Тоше, сите се толку музикални, што е многу тешко да се одреди од каде е наследен музичкиот ген. Дали од дедото Тодор, кој царувал со сцената и бил одличен актер, дали од родителите и чичковците, чии средби секогаш изобилувале со трубадурски изблици, придружувани со гитари. Музиката била најчест гостин во нивниот дом. Како нешто без кое не се може. Како мевлем против сите рани што ги отвора животот, како оружје против судбината, како извор во кој се капе душата. Кај Тоше гените беа посилни, како да испреплетеа не две, туку четири нишки од ДНК,  во која се криеше  кодот  –  пејач,  ѕвезда.  Го  насетуваа  талентот.  Но,  не  и   тоа   што допрва   ќе   им   се   случува.   Одеа   по   Божјиот   пат,   славејќи   го   Господ, благодарни   и   со   тоа   малку   што   го   имаат.  Чудни   се   патиштата   Божји. Понекогаш зборовите од писанието испреплетуваат најубава свила, која ја постилаат пред нас, а ние чекориме по неа. Но, знаат да исткаат и стрели, кои ќе нé погодат, една по друга. Не прашувајќи дали можеме да се носиме со нив. А Господ ти дава толку тежина колку што можеш да  издржиш.

Првата стрела – беспарицата, Проески ја издржаа. Втората стрела – беше дијагнозата „стразбизам“’ на малиот Тоше. Трета година од неговото раѓање.   Забележаа   дека   зеницата   од   окото   почна   да   му   игра неконтролирано. Мора да се лекува во Прилеп. Мора да се издржи, таква е Божјата волја.

„Носеше очила и беше многу дисциплиниран. Три години секој ден го носевме во Прилеп на вежби за  видот. Имавме пари само за автобуска карта во два правца. Еден ден, пред да одат на вежби влегле со мајка ми во продавница. Пред нив еден човек си купувал вакуумирани кикиритки. Тоше ја прашал мајка ми „Дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики.

Соња Алексоска Неделковска ( Извадок од книгата ,,Ова не е крај“)

Објавено во Женски Магазин

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...