14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаЕстрадаПочина Ѓоко Дончев -Доајенот на македонската народна песна

Почина Ѓоко Дончев -Доајенот на македонската народна песна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Згасна еден од најубавите гласови на домашната музичка сцена, Ѓоко Дончев, кој беше еден од доајените на македонската народна музика.

<

По повеќе од 25 години со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика.

Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.

Ѓоко Дончев е роден на 2.5.1949 година во Валандово, а почина во Скопје на 15.1.2021.

Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар.

Погребот ќе се одржи на 17.1.2021, на градските гробишта во Бутел.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...