23.9 C
Ohrid
вторник, јуни 3, 2025
ПочетнаЕстрада"Ја напиша "За Велигден", а сега објави текст по вистинска случка и...

“Ја напиша “За Велигден”, а сега објави текст по вистинска случка и ги заледи неговите следбеници”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Судбина”: Текст на Александар Стевановски напишан по вистинска случка – ќе ви го скрши срцето.

<

Младиот и веќе истакнат текстописец Александар Стевановски години наназад е посветен на создавање музика преку пишување стихови, а по тоа и стана познат и на јавноста, откако неколку истакнати имиња отпејаа негови текстови, меѓу кои е и песната “За Велигден” на Ѓоко Јовиќ.

Ако порано на социјалните мрежи кај Александар можевте секојдневно да сретнете по неколку нови текстови, тоа од поодамна не е повеќе така, но овој пат младиот текстописец реши да направи исклучок и да сподели текст со сите.

Како што успеавме да дознаеме од Александар, текстот не е објавен случајно, туку е напишан наменски и е објавен со посебна причина.

-Познавам еден релативно млад пар кој подолг период не е заедно а самото тоа низ што помина тој пар ме натера да овековечам некои болни моменти кои заслужуваат да бидат некаде запишани. Имено, тие се надеваа на дечиња а љубовта им беше поголема од небото. Кратко траеше и од она што јас го знам како информација, единствената причина за нивното раскинување е од здравствен аспект. Девојката која се викаше Мимоза не издржа да остане со љубовта на нејзиниот живот и заедно да пребродат се, иако и таа се соочуваше со здравствени проблеми додека тој беше потготвен на се за неа, па одлучи да ја напушти земјата и среќата да ја бара некаде далеку од се. Додека дечкото се опоравуваше од здравствени причини, мораше истовремено да се избори и со тагата што најважната личност го напушти и не успејаа никогаш да имаат деца кои толку многу ги посакуваа. По година дена тој дознава дека неговата единствена љубов е во блажена состојба и се радува како детето да е плод на нивната љубов, иако тоа му е само уште една болка. Како одминува времето, тој дознава дека таа го изгубила бебето кое што со новиот животен сопатник го очекувале и дека доживеала непоправлива психичка болка.
Во моментот кога дознав за целата случка, се наоѓав на автобуска и чекав такси, па некако самата измореност од работните обврски се поклопи со целата таа тага и во само еден момент напишав нешто кое што ми го искина срцето како да се силни ветришта- вели Александар за Шило Магазин.

Во продолжение погледнете го текстот:Нема достапен опис

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Превентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:   Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа...

Кинески работник тешко повреден при градежни работи кај селото Требеништа

Кинески работник тешко повреден при градежни работи кај Требеништа Трагедија се случи денеска кај селото Требеништа, каде што при изведување на градежни работи на автопатот...

МВР: Уапсен е и предаден во Затвор Скопје Х. Б. познат како командант Бреза.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го приведе Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза, кој треба да издржи затворска казна од 11 години за...