2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотПензионирана македонка од Нов Зеланд прогласена за најдобар Убер возач на светот

Пензионирана македонка од Нов Зеланд прогласена за најдобар Убер возач на светот

spot_img

Марика Шутиновска, 69-годишна пензионерка од Нов Зеланд, можеби е најдобриот возач на „Убер“ во светот со своите пет ѕвездички добиени од патниците за досегашните повеќе од 16.400 извозени тури, пишува локалната вебстраница „Стаф“

Повозрасната жителка на Маунт Еден вози веќе 13 години, од кои последните осум за такси компанијата.

Таа вели дека сака да вози како хоби за да биде зафатена и надвор од дома за време на нејзиното пензионирање. Таа вози од 7 до 14 часот околу Маунт Еден.

„Баш е добро да се биде малку надвор, инаку што би правела дома? Да се расправам со мојот партнер? Се чувствувам многу убаво кога на луѓето им се допаѓаш и ти даваат добра оценка за возењето“, вели таа.

Црвената „тојота приус“ е трета што ја вози Шутиновска, која ја нарекува нејзин „најдобар пријател“. Таа ги превезува граѓаните на Маунт Еден кои патуваат во градот и учениците кон училиште.

„Ние ја работиме работата што јавниот превоз не може да ја врши“, објаснува Марика.

„Не брзам никаде… Само бидете трпеливи, не се расправајте со луѓето, нека уживаат во возењето, само бидете трпеливи и возете нормално, не треба да брзате дури и ако имате работа“.

Во Македонија Шутиновска била архитект, а во Нов Зеланд дошла во 2000 година, но не била во можност да ја валоризира својата диплома и да продолжи да работи во својата професија. Нејзината тајна за добар рејтинг е чист автомобил, професионална облека, разговор со патникот само ако сака да зборува и пријатно возење.

„Порано возев ноќе, па имав работа со пијани луѓе, но тие воопшто не се тешки – само треба да бидете љубезни со нив, да не ги нервирате и само да им подадете вреќичка за за секој случај. Тие само сакаат да си одат дома, не се чувствуваат толку добро, дури и ако се пијани“, вели таа.

Шутиновска открива дека нејзиниот рејтинг на почетокот не бил пет ѕвездички, но добила толку многу во следните години што нејзиниот просек сега се покажува како пет ѕвездички на апликацијата.

Нејзиниот сопруг, за кој рече дека исто така возел „Убер“, бил љубоморен на нејзиниот рејтинг, за кој таа припиша дел на пријателскиот однос од Новозеланѓаните.

„На Новозеланѓаните секогаш им велам дека заостануваат околу 50 години во однос на тоа како постапуваат Европејците. Секаде во светот, вклучително и во Македонија, луѓето се понервозни, не сакаат да разговараат со вас, па дури и знаат воопшто да не бидат пријателски настроени“, заклучи неофицијалната „Убер“ шампионка во светот.

https://www.stuff.co.nz/national/300653951/is-the-worlds-best-uber-driver-a-macedonian-retiree-in-auckland.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...