8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаЗаедницаMакедонските и грчките студенти во Мелбурн во конфликт за сонцето од Кутлеш

Mакедонските и грчките студенти во Мелбурн во конфликт за сонцето од Кутлеш

Mалтретирањетo и вознемирување продолжува, напиша Македонското студенстко друштво по повикот на нивните колеги Грци за обединување на грчката заедница во борбата за зачувување на „историскиот еленски симбол, сонцето од Вергина”.

На собир на македонски студенти на Универзитетот во Мелбурн беше поставено и знаме со симболот на сонцето од Кутлеш. На ова веднаш реагираа студентските друштва на студентите Грци кои повикаа на обединување на грчката заедница против скопјаните студенти од Мелбурн кои користеа „осквернавена верзија на историскиот еленски симбол“.

На ова одговори Македонското студенстко друштво:

„Срамота е во Австралија, во 2019 година да бидеме сведоци на кампања на омраза против Македонците, државјани на Австралија, против нивното право да го покажат своето етничко наследство, исто како што и секој друг студент на универзитетот во Мелбурн тоа го прави. Највознемирувачкиот дел е повикот грчката заедница да се обедини околу ова прашање.

Имаме едноставна порака до нив: Однесете ја вашата омраза со билет од еден правец назад кон Атина. Ваквото однесување не припаѓа тука“.

Македонското студентско друштво на Универзитетот во Мелбурн ги информира своите членови дека обезбедува бесплатна правна помош доколку кој било од Македонците добие некакво официјално барање за отстранување на македонскиот симбол.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...