11.7 C
Ohrid
Sunday, September 27, 2020
Home Macedonia Ова се луѓето и деталите од престрелката во Александар Палас

Ова се луѓето и деталите од престрелката во Александар Палас

Translate (Eng):[gtranslate]

Пoрталот вечер дознава дека на полицијата и се познати имињата и деталите за ноќешното пукање во хотелкот Александар Палас но од непознати причини досега тие не ги откриле во јавност.

Пукано е врз Крамер Идризи, Јетон Кривањева, Африм Сулемани и Енсар Исени. Напаѓачите биле вооружени со автоиматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици спречило полицаец во цивил кој седел на иста маса со нападнатите. Нападнатата група е од Грче, Скопско.  Алсат објавува дека трагите на напаѓачите водат кон Арачиново каде што е најдено опожарено возило марка волксваген Туарег во кој се пронајдени автоматски пушки.

Вечер повеќе пати пишуваше дека е можен судир помеѓу групите од Грчец и Арачиново за превласт во нарко пазарот и дека тоа ќе се случува заради тоа што полицијата не ги превзема  мерките кои биле договорени со американската агенција ДЕА за сузбивање на нарко пазарот во Македонија.

РЕКЛАМА

 

- Реклами -