14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЕстрадаДраган Мијалковски со песната „Илина“ е победник на 34-то издание на „Фолк...

Драган Мијалковски со песната „Илина“ е победник на 34-то издание на „Фолк Фест Валандово“

Драган Мијалковски со песната „Илина“ е победник на 34-то издание на „Фолк Фест Валандово“, кој се одржа на 30 и 31 мај во Валандово. Победничката песна чиј комплетен автор е Љупчо Трајковски Фис, освои најголем број гласови од жирито и публиката во салата Јано Узунов, чиј сооднос беше 60:40. Втората награда замина кај вокалната музичка група „Распеани Валандовчани“ со песната „Љубов преку граница“,чиј автор на текст е покојниот Леонид Манчев, првиот директор на Фолк фест Валандово. Третата награда ја поделија тројца учесници, нешто што се случува за првпат од кога постои фестивалот. Со по 76 гласови третото место го поделија Јовица Мицевска, кој настапи со песната  „Моја Мирјана“, Благоја Груевски, кој ја испеа песната „Добредојде таго“  и Елена Андоновска која настапи со песната „Седма зима“.

На фестивалот беа доделени и стручни награди:

-за најдобар дебитант  наградата ја доби Стојне Николова,

-награда за најдобар текст доби Огнен Неделковски за текстот на песната „Барав Крадев“, во интерпретација на Горан Тодоровски.

-наградата за најдобар аранжман ја доби Дарко Илиевски за аранжманот на песната „Седма зима“.

-награда за интрепретација доби младата Елена Андоновска за интерепреатција на песната „Седма зима“.

Постхумно беа доделени 2 награди за животно дело на Леонид Манчев и Никола Бадев.

Првата фестивалска вечер беше ревијална и во вид на телевизиско шоу беа преставени четворица текстописци и тоа: Томислав Которчевиќ, Ѓорѓи Барбаровски, Огнен Неделковски и Борче Нечовски. Публиката имаше можност уште еднаш да се потсети на нивните песни „Пеам да не заплачам“, „Жетварска љубов“, „Само една песна таговна“, „ Лична Јовано“…, кои своевремено беа испеанина овој фестивал.

Официјалната фестивалска вечер започна со  настап на Благица Калева која ја испеа победничката песна од мината година „Горда мајка“.

Оваа година Општина Валандово која е организатор на фестивалот, неколку  дена ја славеше музика . Пред официјалното започнување на фестивалот на градскиот плоштад концерти одржаа Астра бенд  и Пепита Маринкова, Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд“ и Сузана Гавазова.

Општ впечаток за 34-тото издание на „Фолк фест Валандово“ е дека годинава фестивалот доби помодерен звук, кој се почувствува во аранжманите и младите пеачки имиња.

Пред прогласувањето на победниците получасовно шоу имаше фолк ѕвездата Сузана Спасовска, која отпеа дел од нејзините хитови.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...