20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонија20 ГОДИНИ ПОТОА ОКТА ја продадовме за 32 милиони долари, досега на...

20 ГОДИНИ ПОТОА ОКТА ја продадовме за 32 милиони долари, досега на Хеленик петролеум им плативме казна од 40 милиони, а ќе има уште

ОКТА ја продадовме за 32 милиони долари, досега на Хеленик петролеум им плативме казна од 40 милиони долари, а ќе има уште.

Деновиве македонската Влада го очекува датумот за рочиште во Арбитражниот суд во Париз на жалба на грчката компанија Хеленик петролеум против македонската држава за непочитување на договорот од 1999 година за купување на тогашната скопска рафинерија ОКТА.

Според овој договор, Македонија се обврза 20 години (рокот истече годинава) да купува 500 илјади тони мазут годишно. Уште тогаш исполнувањето на оваа бројка беше речиси невозможна.

Хеленик петролеум уште во 2009 година покрена постапка, по што Македонија плати 40 милиони долари казна за непочитување на дел од одредбите на договорот за купопродажба на ОКТА. Од 2008 до 2011 година воопшто и не беше откупуван мазут. По завршување на важноста на договорот, јуни годинава, Хеленик петролеум повторно поднесе тужба и сега бара уште 32 милиони долари, кои со камата ќе достигнат до 40 милиони.

ОКТА од 2013 година не работи веќе како рафинерија, но обврската од договорот остана.

Од Владата велат дека веќе се во преговори за да се изнајде решение со кое би се намалила потенцијалната штета врз буџетот, направена пред 20 години.

Договорот за купопродажба на ОКТА беше склучен пред 20 години, кога премиер беше Љубчо Георгиевски. Договорот го потпиша Борис Стојменов, тогашниот министер за финансии.

Ова беше еден од првите договори за продавање на државна на странска компанија, по што се појавија голем број на новинарски написи за сомневања за поткуп на високи државни функционери. Експертската јавност постојано критикуваше дека договорот е штетен за интересите на државата, не само поради обврските за мазутот, туку и по разни други основи. За купопродажбата, социјалдемократите повеќепати го прозиваа и Никола Груевски дека од позиција на министер во тогашната влада потпишал анекси на договорот во корист на Хеленик петролеум. Но, до денеска, за овој договор не беше покрената ниту една судска постапка.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...