18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОпштина Охрид: Заедно со Владата ќе ги решиме препораките на УНЕСКО

Општина Охрид: Заедно со Владата ќе ги решиме препораките на УНЕСКО

Немаме испратено официјално барање до Владата на Македонија во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа. Очекуваме дека заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор ќе ги решаваме сите препораки на УНЕСКО и дека ќе ги поправиме сите грешки од минатото, направени од претходните власти, соопшти општина Охрид.

 

Целта е на наредната сесија на Комитетот за светско наследство, конечно да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот регион на листата на заштитени подрачја во опасност, соопшти општината.

Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, општина Охрид наведува дека веќе има постапено по Препораката број 9 за изработка на регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 реализирана е акцијата за отстранување на палмите кои се неавтохтони и инвазивни видови, почнато е отстранувањето на рекламните билборди од централното градско подрачје. Исто така, се вели во соопштението на општина Охрид,  веќе се спроведени и активности по Препораката број 18 за регулација на сообраќајот во Стариот дел на градот.

„Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај и начинот на негово регулирање. Веќе почна да функционира системот за електронско евидентирање на движењето на возилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила.

Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од регистарот на дивоградби и поединечно ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Исто така во тек е постапката во врска со огласот за јавна набавка за ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградени објекти.

Сите активности кои Општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана“, се вели во соопштението на одделението за односи со јавноста на општина Охрид.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...