14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДен по 56-годишнината од скопскиот земјотрес: Градот секојдневно го тресе негрижа

Ден по 56-годишнината од скопскиот земјотрес: Градот секојдневно го тресе негрижа

Деновиве се потсетуваме на катастрофалниот зњемјотрес кој го разурна Скопје. Но какво е сега Скопје? Земјотреси од тој тип нема, ама го тресе ли институционалната незаинтересираност и неработливост?
Прво место по загаденост во светот, диви депонии што се множат и се палат секој ден, градежна инвазија, Водно кое полека станува планина без дрвја кодека у се садат згради…
Има уште многу што треба да слушнат сите оние кои вчера, на денот на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес не ја разбрале пораката во една многу стара детска песна „Градот убав пак ќе никне…“. Љубовта во и кон градот, солидарноста на луѓето што живееја тогаш, во `63-та но и на странците кои помогнаа да се изгради одново, направија метропола. Но, години потоа, сето тоа се растура, не се одржува…
Дебар Маало, Аеродром, Кисела Вода, Карпош наеднаш се претворија во бетонски населби каде парковите и зеленилото не се приоритет, ами зградите, паркинзите подземни и околни, и што повеќе зградата да „виси“ над улицата, па дури и со автомобил додека поминуваш – имаш чувство дека некоја тераса ќе ти падне врз хауба.
Чистотата на Градот стана тема на дискусија, интензивна и нерешлива. Како е возможно да не можеме да го одржиме градот чист? Како на пример, Талин, главниот град на Естонија (блиска по големина со Македонија) може да изгледа кристално, а зошто Скопје не може? Скопјани мислат оти е до комуналните работници или градоначалниците оти не си ја вршат работата, а вторите пак вперуваат прст во свеста на народот да ја одржува здрава и чиста животната околина. А вистината е на средина. Граѓаните на пример ги создаваат и палат дивите депонии, надлежните не ги казнуваат ниту пак ги чистат и „бришат“ од градската мапа ѓубриштата, граѓаните ги полнат малите зелени кантички со отпадоци за во големи контејнери- што, инаку се наоѓаат на само 2-3 метри од малите канти, и повторно никој не ги казнува…
Примери има купишта. И не е само хигиената.
Актуелната локална власт требаше Водно, да го спаси од канџите во кои беше западнало заради минатата власт – барем со такви ветувања седнаа во фотељите пред речиси две години. Ама… И не само на Водно, повреда и се нанесе и на Матка. Таму пред очите на сите никна дивоградба, среде заштитена зона, а никој не мрдна со прст за да ја спречи.
Тука е и Универзална сала, требаше до сега да има нова или реконструкција на старата… Но ова обележје на градот се распаѓа, тивко и полека.
До каде се мерните станици што со месеци се поправаат и комплетираат од кои треба да гледаме колку ни е загадено, како ќе се спречи истото, има уште многу што „го боли“ Скопје. Може да се пишува до бескрај, ама не е доволно. Бесцелно е ако нема акција, и тоа прво секој да почне од себе. Секој жител од себе да почне да ја менува матрицата за перцепција и чување на главниот град, а потоа и властите. Последниве, години наназад го гледаат како сопствена фирма, извор на профит… А за годишнините од земјотресот се сеќаваат со траорни реченици, на спомените на предците, заборавајќи дека токму тие -нашите предци, го кренаа одново во `63-та и му ја вратија душата. А, сега овие, свесно или не, сакаат да му ја земат.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...