-0.1 C
Ohrid
четврток, јануари 2, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаНогачески трет ден на терен заедно со пожарникарите и жителите на с.Велмеј

Ногачески трет ден на терен заедно со пожарникарите и жителите на с.Велмеј

spot_img

Три дена трае огнената стихија по ридовите околу село Велмеј. Три дена сум на лице место, непосредно на неколку метри од огнената линија и ја следам борбата на 60 тина вработени во Јавното претпријатие Национални шуми, ТППЕ – Охрид, јавните претпријатија од Охрид и Дебрца и дел од локалното население против огнот, особено борбата истиот да не го загрози селото. Искрено, морам да признам, за првпат сум видел како изгледа да се гасне шумски пожар, кој зафатил поголема површина ( во случајов можеби и 100-тина хектари ), на непристапен терен, со големи количества на леснозапалив материјал и при крајно неповолни временски услови, вели во вечерашната писмена изјава споделена на фејсбук првиот човек на општина Дебрца, Зоран Ногачески и додава:

-На двапати согласно законските процедури побарав помош за гаснење од воздух и во понеделникот и денес дејствуваа два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот сеуште не е изгаснат. И не велам дека на моменти ситуацијата не беше сериозна. Сериозна да, ама не и критична, апокалиптична. Сите три дена целта на силите за гаснење беше да се изгасне огнот или да се спречи да се движи кон селото, но и да не се доведат во опасност животите на лицата кои гаснеа на тешкиот терен.
И одеднаш читам на некои портали, како “никој три дена не дејствувал, дека селото е оставено само на себе, селаните сами се справувале, никој не им помогнал”.
За жал, некои мислат дека колку полоша вест пласирале толку е подобро.Свесно или несвесно на тој начин само долеваат масло на огнот кој беснее над Велмеј.
Вистината не е таа. Три дена по десетина часа дневно дејствуваат сите погореспомнати сили и им изразувам голема благодарност. Во сите три дена имаме одлична комуникација и со Дирекцијата за заштита и спасување, со Центарот за управување со кризи, ТППЕ Охрид, Градоначалникот на општина Охрид, претставници на месното население и црковниот одбор.
Неправедно ќе беше кон сите кои деновиве несебично се ангажираа ако ова не го кажев.
Секоја чест на некои медиуми кои ме контактираа и ја пренесоа фактичката состојба.
И сите три дена, одговорно тврдам дека, иако на моменти состојбата стануваше сериозна, во ниту еден момент непосредно не беше загрозен животот ниту на гаснителите, ниту на жителите на селото или нивниот имот.
Крајно, некои ќе речат, зарем три дена не може да се изгасне пожарот. Ако беше така лесно се ќе беше завршено. Верувајте, не е така лесно. И не Ви би посакал во животот да се најдете во вакво искушение. Впрочем, сведоци сме дека и во најразвиените држави има случаи вакви пожари со денови да се гаснат.
Вечерва има екипи на терен кои ќе ја следат состојбата, а утре, со божја помош и се надеваме со поволни временски услови продолжуваме и ќе завршиме, вели Ногачески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик директорот на Македонија пат негира дека ја застрелал мечката- Ја нашол усмртена од сообраќајка?

Денеска од Анима Мунди обвинија дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, застрелал мечка која со закон е целосно забранета за лов, но...

Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување

Во Швајцарија од вчера стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото...

„Анима Мунди“: Заменик-директорот на „Македонија пат“ се фотографира со мечка што ја застрелал

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, објави фотографии од заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо...

Нашата Бојана Танеска Боеска за која се сплоти цела Македонија за жал ја загуби битката со подмолната болест.

Нашата Бојана Танеска Боеска, охриѓанката за која периодов наназад, граѓаните на Охрид, но и целата држава и светот донираа и организираа бројни акции за...