13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАлијанса за Албанците: Властите молчат за инспектор чие возило е користено за...

Алијанса за Албанците: Властите молчат за инспектор чие возило е користено за продажба на дрога, а е брат на висок функционер на ДУИ

Повод за оваа реакција е обидот за прикривање, односно обидот за молк од страна на одговорните институции во врска со апсењето на две момчиња од страна на полицијата, кои што вршеле транспорт и продажба на на наркотични средства користејќи го возилотот на полициски инспектор од секторот на внатрешни работи во Тетово. Според лиферуваните информации, возилото со коешто е извршувана продажбата на наркотични сретства, не е задржано за понатамошни егзаминации. Ова е загрижувачки бидејќи возилото било користено од страна на инспектор кој што е брат на висок функционер на ДУИ. Овој функционер бил шеф на општинскиот кабинет на Гостивар додека градоначалник бил Невзат Бејта, бил шеф на изборен штаб на ДУИ за време на последните локални и претседателски избори, бил член на Општинската изборна комисија во Гостивар, истакнуваат од Алијанса за Албанците.

 

Како е можно целиот овој случај да помине само со задржување, како што пренесоа медиумите, на двете момчиња продавачи, без притоа да се продолжи со понатамошно истражување? Која била улогата на инспекторот и другите лица околу него? Дали е ова уште еден пример на селективната правда во државата? Дали ова ја потврдува тезата дека правдата во ова држава е селективна и политизирана? Каде е правната држава? Вчера се затворија очите во врска со пукотниците каде што учесник беше Џеват Адеми, денеска се прави обид да се затворат очите за братот на лицето којшто е многу близок со главните луѓе на ДУИ. Кога се во прашање водачите на ДУИ, може да се случи било што, а правдата да не излезе на мегдан. Се поставува прашањето дали вака функционира правната држава? Дали е ова тенденција на Владата со другите највисоки државни инстанци за да се амнестираат водачите на ДУИ? Кога се работи за ДУИ сѐ е можно, можат да направат лакрдија без никаква грижа бидејќи се сигурни дека законот и правдата за нив не важи, или пак имаат други механизми, само за нив познати, кои што им овозможуваат да избегнат од одговорност“ се наведува во соопштението на партијата.

Оттаму додаваат дека во Гостивар, според статистиките имало над 5.000 корисници на наркотични стедства.

„Се поставува прашањето кој ги снабдува нив? Дали сето ова е дел на оваа игра каде што главните луѓе се токму водачите на ДУИ во Гостивар. Затоа ги повикуваме компетентните органи да не молчат. Да постапуваат според законските прописи а не да молчат и да не преземаат никакви мерки како што веќе стана навика во државата кога се работи за лица блиски до ДУИ. Само на таков начин може да се застане пред сомневањата потенцирани погоре и кои се сосема легитимни“, истакнуваат од Алијанса за Албанците.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...