8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКоѕијас: На споменикот на Александар во Скопје пишува дека е Грк

Коѕијас: На споменикот на Александар во Скопје пишува дека е Грк

spot_imgspot_img

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ја објави новопоставената табла на споменикот на Александар Велики во Скопје, наведувајќи дека на знакот се вели дека тој е грчки херој.

 

Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денес стои под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателството меѓу народите и удар врз алтруизмот“, напиша Коѕијас на Твитер.

Nikos Kotzias@NikosKotzias

Σήμερα μπήκε στα Σκόπια κάτω από το άγαλμα του Μεγάλου Αλεξάνδρου η πινακίδα που λέει ότι ο Μ.Αλέξανδρος είναι Έλληνας ήρωας που ανήκει στην ιστορία των αρχαίων Ελλήνων. Πρόκειται για άλλη μια πράξη φιλίας των λαών και χτυπήματος του αλυτρωτισμού. Απάντηση σε όσους με έβρισαν.

View image on Twitter
745 people are talking about this

Поранешниот грчки министер за надворешни работи е еден од потписниците на Договорот од Преспа, со кој беше решен повеќедеценискиот спор за името меѓу Грција и Македонија.

Пред два дена на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија во центарот на Скопје беа поставени знаци во согласност со одредбите од Договорот од Преспа, на кои се вели дека станува збор за фигури од античката хеленска историја и меѓународното историско наследство.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура што ѝ припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Слични написи има и на другите споменици.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...